Дом и семејство

Душко призна дека очекува син: Нема да се разочарам и ако третото дете повторно е девојче!

Тоа му е неостварена желба...

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ изминатиов период беа во центарот на вниманието поради веста дека се разведуваат по 14 години брак а неодамна адвокатот на Душко Тошиќ откри дека бракот на познатиот фудбалер и поп дивата Јелена Карлеуша наскоро треба да заврши на суд и да се донесе одлука за развод.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Дека во бракот на Јелена и Душко некогаш цветаа рози и дека имале големи планови за иднината, доказ е интервјуто на Тошиќ што го дал за „Свет плус“ по раѓањето на Ника, а во кое признал дека очекувал еден ден да добие син.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Пресреќен сум што станав татко по втор пат и тоа за само една година. Сепак, нема да застанам тука. Се надевам дека еден ден ќе имам син кој ќе ме наследи на фудбалскиот терен. Моментално имам четири жени во куќата, така што сум во малцинство, па не треба да е чудно што сакам син. Меѓутоа, ако добијам девојче и по трет пат, не би се разочарал. Одиме понатаму, додека не се роди малиот Тошиќ, рече тогаш Душко, јасно ставајќи до знаење дека нема да се откаже додека не добие машки наследник.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Дополнително, тој во таа прилика изјави дека планира да обезбеди голема куќа за своето семејство.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Во моментов купивме стан на Дедиње, но тоа е само привремено решение за нас, додека не најдеме место каде ќе изградиме семејна куќа, изјави тогаш Душко.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Иако не доби наследник, бидејќи, како што еднаш призна Јелена, направила два спонтани абортуси, сонот за семеен дом се оствари. За жал, во куќата што ја купи за себе и за семејството, наследничките на Душко и Карлеуша ќе продолжат да живеат, но без него.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

И самата Јелена во една прилика откри дека неостварената желба на нејзината посилна половина била да имаат машко дете.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Најголемата желба на Душко е син. Ништо не форсираме, ако треба да се случи, ќе се случи. Дај боже, не наполнив ни 40 години. Се може да се направи кога сакаш – изјави Јелена во 2018 година за „Ало“.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инаку Карлеуша пред неколку дена го прослави роденденот на своите миленички. Тие направија забава во Виена од каде сподели неколку фотографии.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена на својот Инстаграм објави фотографии од роденденската вечер од ресторан каде што може да се видат роденденските девојки, нејзината тетка Данијела и нејзиниот колега и пријател Зоран Бирташевиќ.

Фото принтскрин/Инстаграм

Своите следбеници ги воодушеви со својот аутфит, елегантен долг бел фустан на едно рамо украсен со пердуви.

Фото принтскрин/Инстаграм

Јелена е позната по провокативните и оскудни изданија, а мора да признаеме дека совршено изгледа во гламурозни фустани како овој.

Фото принтскрин/Инстаграм

Фустанот го искомбинирала со златни сандали и чанта, а косата ја врзала во ниска залижана пунџа.
Многумина беа изненадени од овој избор на поп дивата со оглед на тоа што сме навикнати да ја гледаме во минијатурни парчиња кои ги истакнуваат нејзините облини.

фото принтскрин

Овој фустан го направи токму спротивното и суптилно го истакна нејзиното совршено тело.

Фото принтскрин/Инстаграм
Фото принтскрин/Инстаграм

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close