Кафе муабет
Драстична промена на Мелина Џиновиќ: Сопругата на познатиот фолкер ги изненади сите со својот изглед!
Не ја препознаа...
Мелина Џиновиќ како имногу други познати личности се појавија на изложбата „Траги“ на еден од најпрестижните српски модни фотографи Милош Надаждин, и со своето присуство ја поддржаа ЛГБТ заедницата.
Сопругата на Харис Џиновиќ не можеше да остане незабележана особено поради драстичната промена која ја направи.
Мелина речиси секогаш е една од најубавите жени каде и да се појави, а со оглед на тоа дека е моден дизајнер иовој пат направи моден погодок и за оваа пригода избра асиметричен плисиран фустан, а длабокото деколте ја истакна совршената фигура на Мелина која многумина остави без здив.
Совршениот аутфит како што се очекуваше од една модна икона, таа го усогласи со едноставни црни салонки кои даваа дополнителна доза на елеганција, а црната кожна чанта и ременот околу половината во иста боја само го комплетираа и онака одличниот впечаток.
Елегантната дама доби многу комплименти за својот изглед, а она што на сите им падна во очи е тоа што многу ослабе.
Дали сопругата на Харис Џиновиќ ослабе со одредена диета или тоа се должи на брзиот живот и обврски, не знаеме, но факт е дека модната дизајнерка изгледа одлично.
Во едно интервју за Стори.рс Мелина истакна дека пандемијата особено влијаела на нејзиното расположение.
-Па, тоа не беше лошо расположение затоа што јас самата не бев расположена, туку затоа што фокусот беше на нешто друго а не на модата. За среќа, новата колекција е готова. Америка веќе се разбуди така што правиме многу испораки. Тешко ми беше да почнам од почеток, но сето тоа сега е зад мене. И покрај новите случувања во светот, чувствувам дека темниот период е зад мене и дека новата колекција никогаш не била подобра. Никогаш не го користам зборот сек-си, но сепак тој најдобро опишува се што смисливме јас и мојот тим овој пат. Можеби затоа јас лично нема да ги носам сите парчиња, но во целина сум задоволна. Има многу причини за славење овие денови, истакна Мелина.
– Моите фустани се продаваат секаде во светот, во 64 бутици, но во тој период беше хаос насекаде, криза е. Нема повеќе свечености, раскошни забави, гала вечери на кои моите фустани ќе засјаат во полн сјај. Ни славните брендови не се продаваат како претходно, се застана. Не се жалам, знам дека на модата ќе и се врати животот, но кој знае кога, раскажала дизајнерката за Стар.рс во време на пандемијата.
Да потсетиме, љубовната приказна на Мелина и Харис трае веќе 16 години, и иако е дури три децении помлада од него, тоа не им пречи тие да бидат среќни и заљубени.
Кога и да се појави во јавноста таа прави бум, со нејзиниот изглед.
Мелина е убава и млада, со витка става а нејзиниот привлечен изглед сигурно го наследила од нејзината мајка, Елма Галиќ.