Кафе муабет

ДОАЃА ПРИНОВА: Илда Шаулиќ не може да ја сокрие среќата- проговори за подготовките за бебето!

Веста дека синот на Санела, Лука Аџиќ ќе има дете со неговата свршеница буквално и го растопи срцето...

Пред изведно време на својот Инстаграм профил, пејачката Илда Шаулиќ објави дека семејството чека принова.

foto instagram

Сега таа со воодушевување проговори за доаѓањето на друга, како што вели, принцеза во семејството Шаулиќ.

Имено, познато е колку Илда е поврзана со нејзината сестра Санела и нејзините деца.

foto instagram
foto instagram

Веста дека синот на Санела, Лука Аџиќ ќе има дете со неговата свршеница буквално и го растопи срцето.

Илда е воодушевена што нејзиниот внук наскоро ќе стане татко, а нејзината ќерка ќе има друштво за играње.

фото инстаграм
фото инстаграм

– Можеби звучи смешно, но јас сум многу среќна. Сестра ми ги има Уна и Лука, кој е посебен затоа што беше радоста и првото дете што влезе во нашата куќа. Лука е вистинско „дете на тетка“, така што е сосема логично што внимателно следам сè што се случува во неговиот живот. Ова е прекрасно изненадување за сите нас, а исто така сме среќни што има прекрасна свршеница. Друга принцеза наскоро ќе пристигне во нашето семејство – изјави пејачката за списанието „Hello“.

фото инстаграм
фото инстаграм

Илда се осврна и на нејзиниот брат Михајло, кој сè уште не го основал своето семејство и се надева дека тој наскоро ќе зачекори на лудиот камен и ќе му подари среќа на целото семејство.

Инаку 23 годишниот Лука Аџиќ и неговата избраничка Александра очекуваат девојче.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Мојот сакан Лука и Александра наскоро ќе станат родители! Сите неизмерно се радуваме и со нетрпение чекаме уште една принцеза во нашето семејство. Те сака тетка ти – рече пресреќната Илда.

фото инстаграм

Лука Аџиќ е син на Санела Шаулиќ, постарата ќерка на Шабан и поранешниот фудбалер Иван Аџиќ.

фото инстаграм

Тој најпрво играше за белградската „Црвена Звезда“ па потоа се пресели во белгискиот првак „Андерлехт“, а моментално игра во холандскиот клуб „Емен“.

За потсетување, Илда Шаулиќ, која е ќерка на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, летово се соочи со голема загуба.

фото инстаграм

Откако и “зараснуваа раните”, по загубата на нејзиниот татко, пејачката се соочи со уште една загуба која и го сркши срцето. Имено во јули пејачката дозна дека е бремена со второ дете, но и дека е заболена со коронавирус.

foto instagram

Имено Илда успеа да се избори со короната, но за жал нејзината состојба во однос на бременоста се влоши, па пејачката го загуби бебето на кое толку многу му се радуваше.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Таа тогаш напиша трогателна порака која расплака многумина.

-Драги мои, малку е да се каже дека сум трогната од неброените пораки на поддршка кои ги добив. Не знам дали ќе можам на сите поединечно да ви се заблагодарам, затоа овде на сите ви ја возвраќам својата љубов. Она што е за мене најважно е, се што било да се обидам да го оставам зад себе и во овој момент да се сконцентрирам на некои поубави денови, кои се надевам дека ни престојат. Моментално, најпотребен ми е мир. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ве сака Илда, напиша по загубата на бебето пејачката.

фото инстаграм
фото инстаграм

Во една прилика Илда призна дека последниве две години и биле најлоши во животот.

фото инстаграм
фото инстаграм
Фото Азра.ба

– Таков тип сум, силна сум. Можеби не делувам така поради физеономиијата бидејќи делувам кревко и нежно, мислам дека луѓето така ме дожиуваат. Искрено, последниве две години мислам дека беа најтешки во мојот живот. Мораме да продолжиме понатаму, мора да се живее и просто треба да живееме од некои убави спомени, се отвори Илда пред новинарите.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close