Кафе муабет

Грашо и Хана одбраа уникатно име за ќеркичката- Данијела со години сонувала за дете кое ќе го крсти со тоа име!

Приновата ќе пристигне на крајот на јули...

Хана Хуљиќ и Петар Грашо на својата венчавка на гостите им го открија полот на детето, а сега е познат датумот на раѓање и името за кое се одлучи славниот пар.

фото принтскрин

Хана треба да роди девојче на 23 јули, а RTL Exkluziv дознава дека решиле на девојчето да му го дадат името Алба.

фото инстаграм/Петар Грашо

Петар на тој датум настапува на фестивалот во Сплит, а со него е и Тончи Хуљиќ таткото на Хана, кој претходно откри каде би можел да биде во моментот на раѓањето на неговата внука.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– И двете деца ми се родија, додека бев на сцената. Имам мало претчувство дека тоа може да се случи и овој пат, изјави Тончи Хуљиќ во интервју за RTL Exkluziv.

фото стори.рс

-Мило ми е што ќе станам дедо, а во исто време сум и нервозен. Сите сакаме да доживееме старост, но не ни се допаѓа тоа што старееме. Кога ќе се ожениш, некаде си на средината на животот, а каде си кога ќе станеш дедо, се запрашал Тончи.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Цело време велев да раѓаат деца, а потоа кога дојде тој момент, потребно е време да се прилагодам, вели Тончи.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

За својата внука, откри дека подготвува нова куќа на Крк, а откри и како ќерка му ја поднесува бременоста.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

-Тие имаат динамичен живот и живеат како да нема да имаат дете за два месеци, вели Тончи и додава дека врската на Петар Грашо и неговата ќерка Хана не ја нарушила врската меѓу Данијела Мартиновиќ и него.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

– Им се случи, сите бевме изненадени. Бевме многу блиски пред ова. Со сите се е исто, секој си живее свој живот, вели Тончи.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Тој додаде дека подготвува песна во која ќе глуми дедо и дека тоа ќе биде вистинска пародија на него и на Петар Грашо.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Сега кога се знае дека и името на ќерката Грашо и Хана јавноста на големо пишува дека  станува збор за името за кое Данијела сонувала долги години. Затоа и не е ни чудо што на новинарите им се појавуваат разни прашања, па го прашаа Тончи Хуљиќ дали би му пречело Данијела сега да му стане снаа.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

„Данијела да ми биде снаа? Имате многу повеќе смисла за хумор од мене, не би ни помислил на тоа. Но, добра идеја, изјави Тончи за Телеграф, нагласувајќи дека нема ништо против она што ги прави среќни неговите деца. Тој низ смеа истакна дека ништо нема да го изненади со оглед на тоа што не ни знаел за врската на Хана и Грашо.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Инаку синот на Тончи и Вјекослава,  Иван има 34 години и настапува како клавијатурист во групата „Магазин“. Бидејќи сите соработници на Иван се блиски сораотници на Тончи, пред извесно време се пишуваше дека тој се забавувал со Јелена Розга, поранешната пејачка на оваа група. Сепак, таа негираше.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Да потсетиме, Петар и Хана се венчаа на 19 февруари во црквата Свети Доминик во Сплит пред семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Свадбената прослава продолжи во познатиот сплитски ресторан покрај море, а Грашо имаше дури тројца кумови: пензионираниот кошаркар Дино Раѓа, словенечкиот готвач Томаж Кавчиќ и пријателот од детството Шимо Подуј. Кума на Хана била пејачката Доменика Жувела.

фото инстаграм/Доменика Жувела
фото инстаграм/Доменика Жувела
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close