Кафе муабет

Го освои Балканот со улогите во турските серии, беше Мис Турција, но неверството ја уништи- убавата актерка нема среќа во љубовта!

Се уште ја бара сродната душа...

41- годишната актерка Џансу Дере несомнено беше најдобриот избор за улогата на Асја која и беше дадена во серијата „Неверство“, улогата на измамена жена која е подготвена на се за да открие која е љубовницата на нејзиниот сопруг.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Имено, нејзиниот приватен живот е толку турбулентен што ниту една сапуница не би била рамна на тоа.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Најмногу била разочарана во врската кога во 2009 година требало да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се заљубил во нејзината најдобра пријателка Аху Јагта, со која Џансу се појавувала на ревии на почетокот на нејзината кариера. Тој се оженил со неа и добил дете но среќата не траела ниту три години, а кога Џем подоцна се обидел да се врати кај неа, тоа повеќе не и било на ум.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

– Поради тоа плачев со денови. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Пријателите се мачеа околу мене, постојано ме носеа надвор, обидувајќи се да ме насмеат и расположат, но јас тонев сè подлабоко во мојата депресија, рече таа во една прилика.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Но, ова не е единствениот љубовен крах што таа го доживеала. Кога стрелата на Купидон конечно повторно ја погоди и таа се смири со нејзиниот менаџер Џем Ајдин, неговата љубовна врска со друга жена брзо ја сруши.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Ладна сум како мраз и таква ќе останам. Некои работи не се однесуваат на јавноста затоа што се приватни, па се однесуваат само на мене. Не им се извинувам на родителите, ниту на другите. Лажењето е толку грда особина што не сакам да имам лажго во мојот живот. Всушност, колку побрзо излезе од мојот живот, толку подобро, барем според мене, рече тогаш таа.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу Дере се уште ја бара својата сродна душа, но поради сето ова денес тешко воспоставува врски.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Порано имала конзервативни ставови за бракот. Таа не го поддржуваше разводот, го сметаше за катастрофален и не би се согласила да живее со маж под ист покрив пред свадбата.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Бракот е свето нешто во Турција. Многу жени влегуваат во присилни бракови, но за среќа, тоа никогаш не се случило во моето семејство. Кога ги гледам моите родители, кои се заљубиле како тинејџери, сакам да ја доживеам истата страст, почит и пријателство. Тие се мојот најголем пример во животот и би сакала да бидам среќна како нив. Важно ми е партнерот да се сложува со нив, изјави таа во едно интервју.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Во 2000 година оваа убавица ја освои титулата Мис на Турција, но поради политички одлуки не можеше да оди на светскиот натпревар. Иако имаше успешна манекенска кариера, актерството остана нејзиниот прв избор, а скандалот не и наштети на кариерата.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Во 2014 година се нашла во големи проблеми со законот. Турската полиција ја сомничи дека соработувала со дилери на дрога и и се заканувала со затвор. Во се бил вмешан нејзиниот колега од серијата „Езел“, Кенан Имирзалиоглу, кој е осомничен за шверц на дрога, од кого наводно нелегално набавувала таблети за депресија. Кенан беше уапсен во голема полициска рација за продавање кокаин, екстази, марихуана и дрога на други актери.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Џансу Дере била поврзана со него бидејќи секој ден се слушале на телефон. Нивните разговори биле кратки и во шифра, а биле на тајни локации.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Тоа, вели, е тешката страна на славата, чувството дека слободата и е ограничена, дека е постојано под рефлекторите и дека за неа се зборува добро или лошо.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере
Фото Инстаграм/ Џансу Дере
Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close