Бременост

Гоца Тржан ги соопшти резултатите од последното Ин- витро: Еве како реагирала кога дознала дали е бремена?

Повторно неуспешен обид за бебе...

Пејачката Гоца Тражaн јавно говори за борбата за потомство. Имено неодамна таа донесе одлука да го откаже учеството на Беовизија, за со сопругот Радомир Новаковиќ по петти пат во Прага да помине процес на ин витро оплодување.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Но, Гоца Тржан објави дека и овој пат не успеало ин витро.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Не би сакала сега да зборувам за тоа бидејќи ги добив резултатите и тие се негативни, не сум бремена – со кнедла во грлото Гоца ги објави резултатите во емисијата „Премиера“.

фото инстаграм/ гоца тржан

Не може да посвои дете!

Секогаш кога ин витро оплодувањето нема да успее, ментално паѓам и се прашувам: „Зошто си го правам тоа себеси? * Тешка е борбата за потомството, поради силните хормони сум како луда, вели Гоца Тржан
(48) и открива дека тешко се носи со тоа што со години не може да забремени со сопругот Раша Новаковиќ (34).

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Гоца неодамна реши јавно да зборува за тоа колку и е тешко поради таа неизвесност и што прави за да ги пренасочи мислите додека не дојдат резултатите.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното оплодување не успеало и дека не сум забременила, паѓам во депресија. И тогаш се прашувам: “Зошто го правам ова?” И секој пат треба да го најдам одговорот и силата да одам понатаму. Затоа што ќе вреди ако успеам! Јас црпам сила од љубовта кон животот. Се опкружувам со луѓе кои ми се допаѓаат, добри книги и музика – вели пејачката за Информер и додава дека ин витро оплодувањето многу влијае на нејзиното тело и мисли:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Борбата за потомство звучи благородно, но всушност се работи за тешки маки и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум… Стомакот ми отекува затоа што задржувам вода. А потоа после се што поминувам, следува неизбежното прашање: „Дали успеавте во ин витро оплодување?“ Ајде, марш! Преку глава ми е да одговорам на такви прашања, бидејќи мојата интимност е многу чувствителна.
Гоца од бракот со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена (15), а сега најголема желба и е да има дете со Раша.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Сакам бебе со маж кој искрено го сакам, кој е внимателен, паметен и во кој имам доверба… Тоа не е толку негова потреба колку што е моја – вели поп ѕвездата.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Знаете, кога ќе доживеете какво било разочарување, секој пат велите дека нема повторно. Никој кој не го поминал тоа, не знае какво е чувството. И тогаш навистина мислиш дека нема шанси повторно да поминеш низ истото, иако тоа го кажуваш и кога ќе се породиш. Сепак, заборавате на тоа многу брзо и сепак сакате да се обидете повторно, рече Гоца и додаде дека сега не е обесхрабрена.

фото инстаграм/ гоца тржан

Гоца не крие дека секој нов обид за вонтелесно оплодување е прилично скап процес, но подготвена е на се што носи овој предизвик со себе.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

-Воопшто не е евтина процедура, но сепак највисоката цена ја плаќате со емоциите, но и со телото. Никој не знае какви ефекти може да има хормонската терапија врз телото после многу години. Затоа жените прават огромна жртва и тоа треба отворено да се каже. Ние трпиме хормонски терапии, непријатни прегледи, исти процедури и интервенции, кога се оди на тие трансфери е многу тешко. Исто така, минатиот пат се здебелив, иако сега го немав тој проблем. Но, тоа влијае и на линијата. Тоа е шок за целиот организам – објасни Гоца на која секако не и помага притисокот на јавноста во оваа тешка задача.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Добив многу пораки од жени за тоа како свекрвите ги гледаат со презир затоа што не им дале внук, додека, морам да кажам, имаше и такви кои ќе ми кажат дека сум премногу арогантна, горда, безобразна и не е ни чудо што не можам да забременам и дека подобро е да ја држам устата затворена. Ме советуваат да му се молам на Бога и да бидам христијанка, а јас би одговорила дека таквите пораки се најмалку христијански што некогаш би можеле да ми ги напишат – изјавила пејачката.

фото инстаграм/ гоца тржан

По четири неуспешни обиди за ин-витро Гоца размислувала да посвои дете, но наишла и на пречки. Според нашиот закон, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Постапката за посвојување деца е морничава бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора две-три години да собираш хартии и да се бориш со глупости. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ги посвои своите ќерки и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое финансиски ќе му помогнеме – открива Тржан.

фото инстаграм/ гоца тржан

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close