Дом и семејство

Голема трагедија во домот на момчето кое продаваше малини: Малиот Јован остана без мајка- голем товар остана на негов грб!

Јован е мал одгледувач на малини од селото Ситница кој се здоби со симпатии откако продаваше тегли со ова овошје во текот на летото.

Тажната прказна на Јован Гајиќ, неговата сестра Јована и браќата Гојко и Небојша буквално ќе ви го скрши срцето. Тие останаа без својата мајка која почна ненадејно а со тоа ја загубја и најголемата животна поддршка.

фото Рас Србија

Јован е мал одгледувач на малини од селото Ситница кој се здоби со симпатии откако продаваше тегли со ова овошје во текот на летото.

Момчето, мал херој и вреден собирач на овошје и шумски плодови, за кое неколкупати пишуваше Српскаинфо, сега ученик во седмо одделение во локалното основно училиште, ја изгуби својата мајка Божана, пишува споменатиот медиум.

фото Рас Србија

Со нејзината смрт на него остана голем товар на грбот, но и голема тага неа.

Јован мора да продолжи да живее и да се бори, да се грижи за неговата сестра Јована, браќата Гојко и Небојша и таткото Милош.

– Мама ненадејно пoчина. Пред тоа не беше болна, одеше на училиште да работи, беше слугинка. Таа не се жалеше дека нешто ја боли. Да, утрото, истиот ден кога пoчина, рече дека чувствува мaчнина. Беше утро, а потоа, околу пладне, таа само падна пред куќата. Лекарите рекле дека срцето и застанало. Тоа се случи на 19 март, пред еден месец – рече Јован.

Оваа драма е длабоко врежана во неговиот живот, иако Јован и неговата сестра се уште не се свесни за трагедијата која ги снајде.

фото Рас Србија

Тој сè уште не може да верува во тоа.

Јована е постарата сестра на Јован и е ученичка во второ одделение во Угостителското училиште во Бања Лука. Таа ги презеде домашните работи и одговорности на нејзината мајка.

– Сега не одам на училиште, поради короната, не знам како ќе биде до крајот на учебната година. Засега сум дома, готвам, перам алишта, ја чистам куќата. Тато отиде со неговиот чичко да работи некаде во селото, постарите браќа исто така се на работа. Гојко завршил училиште и сега работи во фабрика за мебел во Нова Топола, а Небојша нема постојано работно место, но за среќа многумина го вкаат на помош па му плаќаат за работата што ја завршува, рече Јована, која е потресена од смртта на нејзината мајка.

фото Рас Србија

Нејзиниот помлад брат Јован е најголема поддршка и утеха за неа.

– Јован е многу вреден и добар, ме слуша, работи дома, и оди на училиште. Тој е омилен кај сите во селото, а многу минувачи го препознаваат. Се слушна за него поради малините, капините, костените, кои ги продава покрај патот од пролет до есен.

Јованче прави сè што ќе му каже сестра му, чисти низ куќата, носи дрва, оди во продавница, но и учи.

фото Рас Србија

Семејството доби помош од многу луѓе кои го познаваат малиот и вреден Јован. Дури и поранешниот министер Дане Малешевиќ купувал облека и чевли за него.

Божана Гајиќ, која почина на 19 март имаше само 43-годишна возраст. Тоа е болна загуба за Гајиќ, уништена е семејната среќа, откако ја нема доживотна поддршка за нејзините деца, особено за најмладиот син Јован, кој бил и нејзин миленик но и оној кој ја видел неговата мајка како умира.

фото Рас Србија

– И оваа година планирам да продадам малини, диви јагоди, капини и други овошја. Никој не ме присилува на тоа, но јас сум свесен дека ми требаат пари за училиште, за облека, обувки. Тато не може да заработи доволно, а јас сакам да работам и да помагам дома вел малиот Јован кој плени со својата искреност и топлина.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close