Новости

Голема прослава во домот на семејството Ристовски – Борко и Нина цел ден примаа честитки

Нина со љубовна порака го изненади Борко за годишнината од бракот

Борко Ристовски и неговата сопруга Нина Ристовска одбележаа три години од кога го кажаа своето судбоносно ДА.

Среќните вести ги сподели Нина на социјалните мрежи која под неколку заеднички фотографии напиша:

„Три години брак. Една многу луда вожња. Издржавме мушки. Борко ми честита сабајле ‘срце мое среќна годишница, да издржиме уште 4 бар хахахаха’“

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

„Тоа е тоа. Љубов. Среќна нека ни е Борко, те сакам“

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Николина и Борко добија голем број честитки од своите пријатели и фанови. Заради моменталната состојба со вирусот, тие симболично решија да го одбележат денот, а шармантната Николина со фотографиите се присети на нивните најубави моменти во изминативе неколку години.

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Една година откако се заколнаа на вечна љубов, тие во еден познат скопски хотел ја направија и свадбената веселба.

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Тие денес уживаат во својата семејна идила, а нивната радост и среќа ја зголемува синчето Душан.

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Сопругата на нашиот познат голман и додека беше бремена често објавуваше фотографии на социјалните мрежи.

Таа тогаш во една пригода ќе напише:

„Се чувствувам благословена и благодарна за сè и ја гледам убавината во нешта во кои не ја гледав претходно. Не го разбираш животот сè додека не започне да расте во тебе“  напиша тогаш Николина на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Малиот Душко го носи името на таткото на Борко

Инаку, Николина се породи во Барселона, а првата фотографија од болницата на која се гледаат сите тројца, заедно со малиот Душко, кој го носи името на пoчинaтиoт татко на Борко, ги воодушеви сите.

Тоа дека негуваат голема љубов и дека еден за друг преставуваат најголема поддршка во животот на сите им е познато. И двајцата неретко знаат да изразат нежни и емотивни зборови преку социјалните мрежи, а токму на тој начин и Нина му ја честиташе годишнината на нејзиниот Борко.

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Таа на социјалните мрежи знае често да сподели фотографии од нивниот приватен живот и да покаже дека уживаат.

Повеќе нивни фотографии погледнете во галеријата што следува!

Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close