Кафе муабет
Голема причина за славење во домот на најубавата Албанка во Македонја: Аделина Тахири сподели среќни вести
Го слави својот 30-ти роденден...
Аделина Тахири важи за една од најубавите жени во Македонија.
Имено таа по тој повод замина од државата и го прослави својот 30-ти роденден во Монте Карло од каде се пофали со скапоцениот подарок кој го добила.
Аделина за својот роденден доби чанта од брендот „Хермес“ која вреди цело богатство.
Инаку Аделина Тахири е пејачка на албанска поп-музика, но доста е популарна и на македонската естрада.
Со пеење започнала да се занимава уште од најрана возраст, а денес може да се пофали со многу хитови зад себе, успешни настапи и концерти.
Поради нејзиниот егзотичен изглед слободно може да се каже дека потсетува на светските ѕвезди.
Една е од најубавите жени на сцената, а и самата кажува дека посветува максимално внимание на физичкиот изглед.
Иако е таа љубов на многу мажи, нејзиното срце го освои само еден.
Во 2017 година Аделина се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, а истата година го добија и своето прво дете.Ова е второ дете и втор брак за Серјожа. Тој од првиот брак има ќерка.
Аделина во едно интервју откри дека љубовта помеѓу неа и Сержоја се случила без да забележи.
Раскажа дека тој ја молел да одат на кафе речиси година ипол.– Не дека јас се занесував, но само што излегов од врска и немав потреба да се запознавам со никој, раскажа минатата година пејачката.Тие се вистински пример дека брак меѓу две личности од различна националност може извонредно да функционира.Иако стравувала дека нејзините родители нема да го прифатат Серјожа, сепак се случило спротивното.
Нејзиното семејство ѝ е најголема поддршка буквално во сѐ.