Кафе муабет

Голема причина за славење во домот на Бали-бег и Неџла: Честитки добиваат од сите страни- ова е најубавиот ден за популарниот турски пар!

Малиот Каран синот на познатите актери го прослави својот втор роденден...

Фахрие Евџен и Бурак Озчивит важат за едни од најубавите актерски парови во Турција, а додека тамошните медиуми ги разведуваа со месеци, се чини дека тие никогаш не биле посреќни.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Семејството Озчивит не само што никогаш не било посреќно, туку сега имаше и посебен повод за тоа. Тие решија да направат прослава во нивниот дом, за која со денови се пишуваше во сите локални медиуми во Турција.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Имено, малиот Каран, синот на познатите актери го прослави својот втор роденден.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Забавата за малиот наследник се одржа во семејната куќа.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Дворот на семејната куќа беше украсен со шарени балони, за мала, интимна прослава, а момчето беше опкружено со целото внимание и љубов од родителите.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Судејќи според широките насмевки на сопружниците, кои се неприкосновени во својата актерска кариера, време е семејството да добие нов член а малиот Каран да добие засилување.

Каран се роди на 14 април 2019 година, и секоја негова фотографија ги радува обожавателите на познатите родители.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Турскиот актер со нетрпение чекаше да стане татко. Тој толку беше среќен што веднаш откако ги дозна среќните вести му отвори профил на социјалните мрежи на својот нероден син уште пред да се роди, и тој сега има околу 130.000 фанови.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Тој и неговата сопруга секој слободен момент го поминуваат со нивното дете.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Инаку, сопругата на маркантниот Бали-бег, убавата Фахрие само еден ден претходно присуствуваше на презентација одржана во хотелот „Four Seasons“. Презентацијата беше организирана од бренд за пелени, а таа како заштитно лице на состанокот спомена дека во соработка со „Needs Map“ ќе донираат пелени кои што би требало да ги задоволат потребите на десетина илјади сиромашни деца.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Во рамките на состанокот таа зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.

„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.

Таа потоа го додаде и следново:

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

 

„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

„Станав многу поемоционална откако станав мајка. Но два главни проблеми почнаа да ме болат многу. Дали секое бебе расте под еднакви услови? И дали секое семејство може да се грижи за своето бебе под еднакви услови? По некое време почнав многу длабоко да ја чувствувам оваа тема“, изјави Евџен во своето обраќање објаснувајќи ги причините заради кои се вклучила во овој хуманитарен настан.

Од фотографиите што ги објавуваат на Инстаграм можеме да забележиме дека нивниот наследник го земал најубавото и од двајцата родители.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Сепак, многумина се согласни дека Каран повеќе личи на неговиот познат татко, а според неговите фанови погледите им се потполно идентични.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close