Кафе муабет
Ги “запали” социјалните мрежи и тоа закопчана до грло: Станија никогаш не изгледала подобро- со новата фотографија предизвика хаос
Го покажа извајаното тело...
Поранешната реалити ѕвезда, денес една од најпознатите старлети Станија Добројевиќ важи за една од најатрактивните жени во регионот, а нејзините провокативни и жешки фотографии секогаш ги воодушевуваат нејзините следбеници на социјалните мрежи, но се и честа тема на коментари. Што беше случај и овој пат.
Таа уште еднаш ги воодушеви сите на социјалните мрежи и покажа дека и кога е закопчана до грло предизвикува хаос на социјалните мрежи. Станија позираше во зимска комбинација а никој не можеше да не ги забележи нејзините бујни гради.
Да потсетиме, Станија на јавноста и стана позната кога се појави во „Survivor Serbia VIP“, но тогаш изгледаше сосема поинаку и се претстави како студентка од Нови Сад.
Добројевиќ стекна популарност кога во 2008 година на Интернет беа објавени нејзини фотографии, кои според тоа што таа го изјави биле украдени. Тогаш фановите ја нарекоа српска се.кс бо.мба.
Станија Добројевиќ е родена на 17 март 1985 во Вировитица а денес е српско-американска старлета, модел и пејачка. Таа беше победничка на реалното шоу Фарма 6, како и поранешен учесник во Survivor Србија ВИП: Костарика и Фарма 4. Во 2018 година учествуваше во реалното шоу – Задруга 2 и го освои третото место.
Нејзиниот татко бил економист и политичар, но животот го загубил во 1995 година, за време на војната во Хрватска.
Мајката на Станија со синот и ќерката побегнала во Рума. По завршувањето на основното училиште во Рума, Станија дипломирала на средното економско училиште во Сремска Митровица.
Потоа се запишала на Економскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, а во втора година се пријавила за учество во Програмата Work and Travel. Подоцна дипломирала на тој факултет.
Пријавувањето на Станија во програмата Work and Travel беше прифатено, па Добројевиќ замина за САД во 2005 година. Таму од 2008 година е заштитно лице на казиното Хараз во Атлантик Сити каде живее и работи како крупие и менаџер за односи со јавноста. Таа е и модел, а најголемиот успех во таа сфера го постигна како бикини модел во Мајами.
Во САД ја доби титулата за најубава голф девојка на Плејбој, а доби и наградно патување во Плејбој вилата на Хју Хефнер, каде ја фотографираше познатиот фотограф Арни Фрајтаг. Во Србија, каде што ја гради и својата кариера, се фотографираше за списанијата „Плејбој“, „Си-К-Ем“ и „Максим“.