Кафе муабет

Во вакво издание не сме ја виделе до сега: Тијана Дапчевиќ направи неверојатна промена- сите коментираат за новиот изглед на пејачката

Го менува стилот?

Македонската пејачка која со години живее на релација Србија-Македонија, Тијана Дапчевиќ не претрпе големи промени низ годините, и може да се каже дека остана верна на својот препознатлив стил што се должи на соодветна грижа.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Изгледот на Тијана Дапчевиќ, најпрво кратката бојадисана коса, а потоа и стилот на облекување ја издвојува поп ѕвездата од низа други изведувачи.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Многу познати пејачки се обидуваа да ја импресионираат публиката со длабоки деколтеа, кратки здолништа и високи потпетици, но за разлика од нив Тијана тоа го направи исклучиво со одлични вокални способности, хитови, харизма, убавина и класични комбинации на облека. Не се грижеше многу за модните трендови, повеќе се грижеше дали нејзиниот музички израз ќе го препознае пошироката јавност, што и се случи и таа стана една од омилените во регионот.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Тијана за јавни настапи сака да ангажира стилисти, но во последно време многу се фокусира на здравиот начин на живот.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана Дапчевиќ иако е кон крајот на петтата деценија таа изгледа одлично и сето тоа благодарение на здравата храна, која придонесува за виталноста на нејзиното тело, што се гледа и на нејзиното лице. Исто така, убавата пејачка почна да тренира, а составен дел од нејзината рутина станаа негата на кожата и естетските третмани.

Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ

Тијана повеќе од било кога посветува внимание на себе. Таа се разубавува, поминува многу време на третмани, масажи,  а неодамна се пофали дека ги надградила и бојадисала ноктите кои никогаш не и биле со волкава должина.

– Точно пет часа додека ги правевме, но вредеше секој час. Добро сторено, напиша Тијана на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Тијана Дапчевиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close