Кафе муабет
Веќе не се крие: Огњен Амиџиќ продолжи понатаму, еве со кого се гледа по РАЗВОД (ФОТО)
Тој му е најголема поддршка на синот...
Пред неколку месеци познатиот водител Огњен Амиџиќ и манекенката Данијела Димитровска преку заедничка изјава објавија дека на нивниот десетгодишен брак му дојде крајот, а набргу потоа секој тргна по својот пат.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/92048_danijela-dimitrovska-moda-stil-instagram-1-1_f.jpg)
За разлика од манекенката која е активна на социјалните мрежи и ги информира своите следбеници за секојдневните активности, популарниот водител освен на малите екрани не го гледаме често во јавноста.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2020/12/огњен-амиџиќ.png)
Сега екипата на „Папарацо лов“ го улови како и со кого го поминува слободното време, а многумина се согласуваат дека Огњен Амиџиќ решил да сврти нов лист по разводот.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/135426_484691023430_2343023_o-680x1024.jpg)
Очигледно Огњен решил да продолжи со животот. Тој покажа дека нема место за маки, а освен вообичаените секојдневни активности што ги прави, покажал и дека ужива во добра храна и пијалок и посетил неколку познати белградски локали каде се опуштил.
Потоа отишол во училиштето на неговиот наследник и јасно ставил до знаење дека е многу посветен татко кој и покрај многуте обврски наоѓа време за синот Матија, а дека Огњен Амиџиќ по разводот не ги занемарува татковските обврски може да се види и во видеото.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/данијелав-1024x683.jpg)
Деветгодишното момче беше многу среќно кога го здогледа тато и се затрча во неговите прегратки, а преслаткото дуо потоа се упати кон познатиот белградски спортски центар каде момчето напорно вежба тенис, а татко му му ја дава целата поддршка.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/10/96594_ognjen-amidzicjpg2_iff.jpg)
Да потсетиме топ моделот Данијела Димитровска Амиџиќ и ТВ водителот Огњен Амиџиќ решија да се разделат по десет години брак.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/данијела-и-819x1024.jpg)
Двајцата излегоа со заедничко соопштение и истакнаа дека освен ова нема да даваат дополнителни изјави.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/08/данијела-п.jpg)
– Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се рекламираме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Сакаме да им се заблагодариме на сите медиуми за досегашната соработка и да ве замолиме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема – беше истакнато во соопштението.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/04/danijela-3.jpg)
Се запознале на снимањето на оригиналното шоу на Огњен во 2009 година. Тогаш и двајцата беа во брак, но следната година почнаа да се појавуваат заедно и да нагласуваат дека се во врска.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2021/04/danijela1.jpg)
– Јас и Данијела се запознавме во емисија и таа ми остави фантастичен впечаток. Не сум класичен романтичар на очекуваниот начин на цвеќе и појадок во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, но Даниела многу повеќе реагира на оние работи кои не се материјални – истакна Огњен во една прилика.
![](https://mama.glamur.mk/wp-content/uploads/2022/06/огнен.jpg)