Кафе муабет
ВЕЧЕРВА Е ПОЛНА СИНА МЕСЕЧИНА: За овие хороскопски знаци е полн погодок и ќе им се остварат желбите…
Секој хороскопски знак треба д анаправи мал ритуал кога ќе ја види Сината Месечина
На 31 октомври ќе бидеме сведоци на полна Сина месечина, која уште се нарекува и Микро-Месечина, затоа што е подалечна од Земјата од вообичаено и може да изгледа помала на ноќното небо.
За некои хороскопски знаци, втората полна месечина во октомври е полн погодок. Тие ќе се соочат со промени и остварувања кои ги очекувале долго време.
Овен
Полната месечина е најпогодна за овој хороскопски знак да ја покаже својата моќ
Како Овен, не можете да кажете „не“ на предизвик, бидејќи неуспехот никогаш не е опција за вас.
Погледнете ја полна месечина од место каде имате прекрасен поглед и кажете ја својата желба на глас. Ќе почувствувате дека веднаш ќе бидете исполнети со енергија.
Бик
За време на полна месечина, одвојте време за себе. Поседувате своја моќ. Запознајте го вашиот ум и окупирајте го со позитивни идеи.
Побарајте од Месечината да ги осветли вашите мисли и да го смири хаосот во вашата глава.
Близнаци
Искористете ја оваа посебна можност и направете нешто за кое инаку не би имале храброст.
Додека ја гледате полната месечина, ветете си себеси дека од сега навистина ќе започнете да живеете, а не само да планирате.
Рак
Од сите знаци на Зодијакот, Раковите се оние кои најмногу ја сакаат Месечината, и кога е полна, тие се целосно отворени за магија.
Полната Месечина е тука за да ја прошири вашата фантазија, па оставете ја слободно да талка. Нека вашиот мал ритуал биде резултат на оние ограничувања што ве спречиле да ги постигнете целите цел живот.
Време е да продолжите понатаму и не заборавајте дека вие сте знак на Месечината.
Лав
Ова е време да ја истражите вашата интуиција.
Под светлината на полнаta месечина, започнете да размислувате за тоа како можете да ја развиете својата уметничка вена или да ја изразите вашата креативност.
Дозволете силата на Месечината да ве инспирира i најдете начин да направите простор за нови искуства.
Девица
Оваа вечер посветете ја на самите себе. Започнете со само-лекување и позитивни мисли.
Полната месечина ќе ви ја донесе вашата волја, затоа е многу важно оваа вечер да бидете посветени само на себе.
Погледнете во месечината и ќе сфатите дека вие сте Алфа и Омега во вашиот живот и ќе ви биде полесно ако се потпрете и фокусирате само на себе, отколку на другите.
Вага
Оваа вечер најповолна за да се ослободите од стравот. Верувајте дека животот не е толку страшен колку што мислите и стравот е тој што ве „оттурнува“ во многу ситуации.
Со полната сина месечина на 31 ви склучете пакт со прекрасна сина месечина и ветете дека повеќе нема ништо да ве спречи да ги остварите целите.
Скорпија
Полната месечина секогаш ќе ви припаѓа вам, затоа што во вашиот ум сè ви припаѓа на вас.
Не е страшно да се биде толку доминантен, се додека сте свесни за тоа и не загрозувате никого со вашето однесување.
Својата моќна репутација искористете ја за да помогнете на другите.
Оваа вечер, месечината вибрира со вашата моќ, затоа искористете ја.
Стрелец
Под светлината на полната сина месечина, оставете го космосот да ги реализира вашите планови. Не мора да ја контролирате секоја ситуација. Само известете го универзумот дека имате намера целосно да се фокусирате на вашиот голем сон.
Верувајте во Месечината и дозволете нејзината космичка сила да ве доведе до поголеми соништа.
Јарец
Оваа вечер e совршена за Јарците, и за усовршување на нивниот природен инстинкт.
Нека големата сина месечина во октомври ги пренесе вашите добри намери во космичката свест, каде што можете да останете верни на себе и да им помагате на другите со вашата желба.
Никогаш не заборавајте кои сте или колку навистина можете да бидете величествени. Вие сте чист потенцијал.
Водолија
Оваа ноќ конечно ќе се опуштите. Треба да сфатите дека не мора да бидете толку сериозни во секоја ситуација.
Следете го пулсот на сината Месечината. И вие сакате добра забава; обожавате смеа и забава, па дозволете си да лудувате таа вечер.
Риби
Зачекорете под сината месечина со целосна доверба во вашите соништа. Оваа вечер замислете желба и посакајте го она за кое сонувате долго време.
Верувајте во светлината на Месечината. Замислете дека сите ваши соништа се остварија и повеќе не ви треба ништо.
На секои 29 дена се појавува полна месечина, но годинава е интересно тоа што имаше два вакви случаи, а тоа е така затоа што лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, па секои три години добиваме две полни Месечини во истиот календарски месец.
На 1-ви Октомври се појави првата Сина Месечина, а втората ќе се појави на 31-ви истиот месец.
Извор: Телеграф.рс