MAMA

Вело ги успива децата со песна, а се снаоѓа и во кујната – Евгенија искрено за мајчинството и сопругот

Тој ми е најголемата подршка, но и најголем критичар.

„Знае секогаш да даде комплимент, но и да биде искрен доколку нешто не му се допаѓа. Верува во мене и тоа е најважно за една врска или брак да функционира“ вели Евгенија Николовска Марковска.

Изминатата година проф.д-р. Вело Марковски постојано беше во центарот на вниманието поради актуелната ситуација со вирусот корона. Работеше на многу истражувања а несомнено е еден од најистакнатите инфектолози кај нас. Но секако јавноста освен за неговата професија се интересираше и за неговата поубава половина, сопругата Евгенија Николовска Марковска.

фото: приватна архива

Постојано се пишуваше за убавата црнокоса која му го освои срцето, и на која многумина би и подзавиделе на нејзиното тело кое го доведе до совршенство и покрај тоа што роди две деца.

Во интервју за mama.glamur.mk таа искрено проговори за мајчинството и бракот а себеси се опишува како среќна мајка и сопруга.

фото: приватна архива
фото: приватна архива

Вели медиумското присуство и годи а ја прават среќна прошетките во природа, кога ја слуша омилената песна, кога добива комплимент во момент кога најмалку очекува…

Како би се опишале себеси како мајка?

Би се опишала како другарка на децата. Целиот ден им го посветувам играјќи заеднички игри. Многу сум трпелива.

фото: Приватна архва

Не очекувам да имам совршено уреден дом. Сметам дека децата треба да се креативни и затоа дозволувам да се растураат играчки на секаде, а потоа пред спиење собираме заедно за следниот ден да може одново да си играме. Децата брзо растат затоа сакам да им го направам секој ден забавен. Кај мене нема правила. Доколку ние јадеме, а детето не сака и тоа е во ред за мене. Треба да научи да си го слуша сопственото тело, па така може да јаде покасно. Би рекла дека сум мајка која секогаш е и ќе биде подготвена да ги ислуша своите деца и да им ја даде потребната поддршка.

Имате ли помош од сопругот во обврските околу децата?

Кога нема работни обврски секогаш ми помага. Кога сум изморена знае да ги игра додека се одморам или да го прошета едното дете.

фото: Приватна архва

Понекогаш ми помага и во заспивање на децата, додека јас го заспивам поголемото со приказни, помалото само со нишкање, сопругот сака да им пее се додека заспијат. Сепак мислам дека многу подобро се снаоѓа во кујна откоку со децата. Како и да е секоја помош ми значи многу.

Каков татко е доктор Вело Марковски?

Најдобриот татко! Сака да ги разгалува децата, но знае и да ги искара. Исто како мене и него не му пречи кога детето растура по дома, имаше период кога синот сакаше да црта по ѕидовите и тоа беше во ред, не му забрануваше. Многу е грижлив. Сака да им пее на децата. Добар пример е за нив, а синот веќе и се гледа како него па сака да го имитира и да игра игри во кои тој е професор или доктор. Чека да порасне синот уште малку за да може да го учи тенис.

Што е она што ве привлече кај него, каков е како сопруг?

За една врска да функционира мислам дека е најважно да си одговараат карактерите. Ја почнавме врската без никакви очекувања, но колку повеќе време поминувавме заедно станувавме се поблиски. Денес после 8 години поминати заедно и две дечиња во односот помеѓу нас не е ништо променето. Доколку имаме некој проблем секогаш со разговор го решаваме. Тој ми е најголемата подршка, но и најголем критичар. Знае секогаш да даде комплимент, но и да биде искрен доколку нешто не му се допаѓа. Верува во мене и тоа е најважно за една врска или брак да функционира.

фото: Приватна архва

Колку тоа што вашиот сопруг е еден од најистакнатите инфектолози кај нас ви помогна за време на целата ситуација со коронавирусот?

Уште од самиот почеток на пандемијата сопругот беше многу посветен на истражување. Имаше денови кога по цел ден го поминуваше во правење научни трудови и барање нови информации. Така што за време на целата ситуација беше многу повеќе зафатен и имав повеќе домашни обрвски, а помалку помош од него. Како доктор многу му верувам, па така се чувствувам сигурна, но за среќа немавме случаи на заболени со коронавирус во семејството.

Како изгледа еден ден со вашите деца?

Најчесто денот ни започнува околу 6 часот со будење на ќеркичката која има 5 месеци, па имаме мајка-ќерка дружење. Додека сме сами сакам да и зборувам и да и посветувам повеќе внимание. Малку покасно ни станува и синот кој има 4 години. Заедно појадуваме, а потоа го имаме цел ден за игра. Денот ни е исполнет со разни активности, игра и учење секој ден по нешто ново. Во овој период многу го интересираат знамиња па заедно ги учиме. Сака и да цртаме заедно. Бидејќи целиот ден ни е исполнет многу ретко гледа цртани, најчесто додека ја заспивам сестричката за да не ја разбуди. Кога времето дозволува сакаме да го поминуваме на отворено, во двор или да одиме на прошетка. Навечер прво ни заспива ќерката малку покасно синот, а потоа имам слободно време.

фото: прватна архива

Кое е нивното омилено јадење?

Синот е малку одбирлив со храната. Омилено јадење му се шпагети и пица. Наутро сака да јаде овесни снегулки со мене. Ќерката е се уште мала и се навикнува на нова храна, но за сега можам да забележам дека најголема радост покажува кога и давам каша од круша.

фото: прватна архива

Ќе споделите ли рецепт со нашите читатели?

Секако. Во деновите кога сакам нешто благо, но исто така и сакам да не биде многу калорично се одлучувам за здрава варијанта на американски палачинки. За овој рецепт се потребни 1 банана, 1 чаша млеко, 2 чаши овесни снегулки, 1 јајце, половина лажичка сода бикарбона и ванила. Во блендер се блендираат бананата, млекото и овесните снегулки , а потоа се додаваат јајцето, сода бикарбона и ванилата и повторно се блендира. На убаво загреано тавче за палачинки се пржат на стандарден начин. Најубавиот дел се секако додатоците, па најчесто ги сервирам со јаворов сируп, јаткасти плодови, свежо или замрзнато овошје во зависност од сезоната.

Вашите деца се уште се мали, но што би избрале – онлајн настава или настава со физичко присуство?

Би избрала физичко присуство. Со самото тоа што детето треба да оди на училиште од мало стекнува рутина. Училиштата не се само за пренесување знаење туку и за социјализација на децата која секако е многу важна. Со модернизацијата се повеќе време децата поминуваат пред компјутерските екрани, затоа мислам дека барем училиштата треба да функционираат нормално за да можат децата да се дружат помеѓу себе.

фото: прватна архива
фото: прватна архива

Кои приказни им ги раскажувате пред спиење?

На синот омилена му е приказната за штурецот и мравката. Покрај тоа ги сака и приказните за трите прасиња, Пинокио, мачорот Перко…

Имате ли време за себе и како го поминувате?

Според мене секој треба да најде време само за себе. Ангажмани околу децата, извршување на домашните обврски, понекогаш деновите ми изгледаат премногу кратки за да го завршам сето она што сум го планирала, но на крајот од денот кога децата ќе заспијат си го посветувам времето само на себе. Во тој период сакам да се релаксирам со читање на некоја книга, гледање филм, грижа за себе (маска за лице, за коса, лакирање и сл.). Овде би го ставила и вежбањето фитнес затоа што на вежбите не гледам како на обврска. После секој тренинг се чувствувам среќно и исполнето.

фото: прватна архива
фото: прватна архива

Како успевате да ја одржите својата линија, имате посебен режим?

За одржување на линијата секако најважна е исхраната. Утрата ги започнувам со овесна каша или овошно смути. Во текот на денот јадам разновидна, но балансирана исхрана. Покрај тоа што внимавам на исхраната практикувам и физичка активност. Сакам да вежбам фитнес 5 пати неделно по еден час и тоа го правам во домашни услови. Има денови кога едноставно немам желба за вежбање и тоа е во ред, потребно е да го слушаме сопственото тело. Кога времето е убаво сакам да го поминам во прошетка со семејството.

фото: прватна архива

Како го негуваш твоето лице? Дали можеби имаш “бјути рутина” што ја повторуваш секое утро?

Повторно би рекла дека за добар изглед на кожата поважно е она што го внесуваме во организмот отколку она што го нанесуваме на кожата. Најважно е доволно внесување на вода за кожата на лицето, па и на целото тело да остане доволно хидрирана. Но, секако имам и рутина која што ја повторувам секое утро, едноставна е и се состои во тоа што најпрво сакам да го измијам лицето со ладна вода. Потоа користам тоник и на крај нанесувам дневна крема. Моментално ја користам дневната крема од женшен од Rosa Graf (германска козметика). Доколку поминувам повеќе време на отворено нанесувам и крема со заштитен фактор.

фото: прватна архива

Што ве прави среќна?

Да бидам мајка на две прекрасни дечиња е вистинска среќа и благослов. Секоја мајка би се согласила дека нема поголема среќа од тоа да ги гледа своите деца насмеани. Физичката активност ослободува од стрес и прави да се чувствуваме подобро. После успешно завршен тренинг секогаш се чувствувам среќно и исполнето. Секогаш ме прави среќна и кога денот е сончев и можам да го поминам на отворено, прошетките во природа, кога ќе ја слушнам омилената песна, кога ќе добијам комплимент кога најмалку сум очекувала…

фото: прватна архива

Во медиумите постојано се пишува за вас како една од најубавите жени кај нас, ви годи ли медиумското присуство?

Да бидам искрена да, сакам кога ќе прочитам нешто убаво за мене. Мислам дека на секој би му одговарало да добие малку внимание.

Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
фото: прватна архива

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close