Новости

БРАЗИЛ НА КОЛЕНА: Никој не знае што се случува, новиот вирус коси- најпогодени луѓето под 40 години!

Најновиот извештај за корона, во Бразил покажува дека се регистрирани повеќе од 82.000 нови случаи на ковид 19, со што вкупниот број на заразени достигна 13,5 милиони.

Кризата предизвикана од пандемијата „ковид 19“ во Бразил, се повеќе ги погодува младите, според податоците на болницата собрани минатиот месец.

фото илустрација

Извештајот е објавен од Бразилското здружение за интензивна нега, а се заснова на податоци од повеќе од една третина од единиците за интензивна нега во земјата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им е потребна интензивна нега, пишува Ројтерс.

Според нив, повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години.

За прв пат од избувнувањето на пандемијата во Бразил, 52 проценти од капацитетот за интензивна нега беа пополнети со пациенти помлади од 40 години.

foto jutarnji.hr/ ILUSTRACIJA

Најновиот извештај за корона, во Бразил покажува дека се регистрирани повеќе од 82.000 нови случаи на ковид 19, со што вкупниот број на заразени достигна 13,5 милиони.

Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смр-тни случаи од последиците од инфекција со коронавирус.


Според сите истражувања на научниците Бразилската варијанта на вирусот корона се појавила уште во јули.

„Имаме причина за загриженост затоа што вирусот најде начин да ги избегне претходно формираните антитела“, рече вирусологот Алекс Сигал од Африканскиот институт за здравствени истражувања.

foto eZadar.hr

“Светот го потцени овој вирус. Може да еволуира, да се прилагоди на нас”, додаде тој.

Варијантата P.1 во Бразил лекарите ја докажаа на 10 јануари годинава. Според истражувањата таа има 17 мутации, од кои три лежат на спајк-протеинот.Лекарите предупредуваат на овој потежок вид на вирусот корона кој полесно влегува во клетките, каде што може да се размножува.

Фото Илустрација

Бројот на нови инфекции не може да се утврди прецизно, но едно е јасно – заразата е излезена од контрола! Од почетокот на пандемијата (состојба 8 април 2021) во Бразил, според податоците на здравствените власти, со коронавирус се заразија повеќе од 13 милиони луѓе, објави Дојче Веле.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close