Кафе муабет

БОЛНА ИСПОВЕД НА БОКИ 13: „Сите ме избришаа, ме закопаа жив!

Боки разочаран од пријателите...

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, по апсењето во акцијата „Рекет“ заврши во истражниот затвор „Скопје“.

фото принтскрин

Тој беше затворен на 15 јули 2019 година, а Основниот кривичен суд Скопје на 18 јуни 2020 година првостепено го осуди на девет години затвор, а разрешената македонска специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Како што беше напишано претходно, неговата жалба на решението на скопскиот Кривичен суд за притвор неколку пати беше одбиена, како и барањето да биде префрлен во куќен притвор поради лошата здравствена состојба.

фото принтскрин

Сега Боки 13 ја шокираше јавноста со својата исповед и болно признание кое вчера беше објавено на социјалната мрежа Инстаграм.

фото принтскрин

– Кога бев уапсен и затворен, многу од моите таканаречени пријатели, роднини и соработници ме избришаа од списокот на живи, како да сум мр-тов и закопан, а не затворен … рекоа дека не ме познаваат, други велеа дека ме познаваат само од телевизија, други велеа дека веќе не ми се пријатели и дека се шокирани кога дознаа што правам, други ме украдоа, петти  најмизерно се дистанцираа од мене а им беше добро кога земаа огромни плати, а голем дел од нив, најодвратните, кои најмногу ми се лижеа во „нормалниот“ свет, а потоа уживаа во мојата ситуација велејќи: „Добро му направија, не е доволно!“ На такви полтрони им посакувам да живеат  „убаво“ и да почувствуваат колку е убаво на нивна кожа …

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

– Сите овие горе, лицемери, крлежи, крадци, мршојадци го игнорираа фактот дека нивното лицемерие, нечистотија и нечовечност се мојата мотивација денес! Мотив да продолжам со крената глава, да се борам и да успеам во борбата, со Божја волја и помош, а не со нивна! Вистина, кај мене во најтешките моменти, покрај мајка ми и татко ми, останаа само неколку луѓе кои се избројуваат на прсти, но верувајте, благодарен сум што имам неколку, но премногу по квалитет и важност , нека се сите живи и здрави и од се срце им благодарам што покажаа дека уште има луѓе. Ви благодарам од срце! Им благодарам и на луѓето кои лично не ги познавам и кои ми дадоа искрена и срдечна поддршка, верувајте во ситуацијата во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа благодарам – беше истакнато на споменатата социјална мрежа…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте!

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Погледнете како растел Боки 13

Бојан Јовановски во судницата во една прилика листаше фотографии од неговиот профил на „Инстаграм“ во обид да докаже пред обвинителството дека скапата брендирана гардероба можел да си ја дозволи уште во 2013 и во 2014 година, многу порано пред да стане првоосомничен во аферата „Рекет“.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

На оние фотографии од најрана возраст,  јасно се гледа дека поранешниот шоумен имал сосема обично детство и дека не живеал отсекогаш луксузно.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Пред неколку години на „јутјуб“ осамна документарец за тогашниот „прв човек на меѓународната асоцијација за човекова и социјална заштита“, а во кој се најдоа и неколку стари семејни фотографии на кои Јовановски е прикажан како скромно и сосема нормално дете кое било исклучително приврзано за бабите.

фото принтскрин
фото принтскрин
фото принтскрин
фото принтскрин
фото принтскрин

Што беше најдено во плакарите на Боки 13

Имено, првообвинетиот во случајот „Рекет“ во својот дом во скопскиот Орман имал преку 1000 парчиња од најпознатите светски модни куќи и сите при претресот му се одземени од страна на истражителите. Меѓу запленетите предмети има преку педесетина капути, скапоцени очила, чанти од најпознатите светски дизајнери чија цена се движи и по неколку илјади евра поединечно, гламурозни обувки, па дури и златни мајмуни и вистинска златна круна.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Обвинителниот акт за неговото дело е на повеќе од 60 страници, пишува МКД.мк. а само листата со одземени предмети од неговиот дом има 23 страници.

фото принтскрин

Но покрај скапоцената облека, запленет е и скапоцен мебел, потоа разно-разни украсни фигури, уметнички слики, накит, брошеви, ајфони, шешири… Списокот навистина е долг, а од брендовите застапени се речиси сите позначајни дизајнерски имиња – Гучи, Луј Витон, Версаче, Кристијан Диор, Долче и Габана и многу-многу други.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Пронајдени беа е и фискални сметки од продавниците на Џани Вераче, Сен Лорен Париз, Барбери, но не и контроверзната чанта со пари од Луј Витон во кои Боки доби 1 и пол милиони евра од бизнисменот Орце Камчев.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки во судницата изјави дека од камерата во неговиот дом ќе може да се види каде завршиле парите.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се изјаснија како невини, додека третообвинетиот, Зоран Милевски Кичеец, се изјасни за виновен.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close