Кафе муабет
Беше прогласен за најубавиот затвореник во светот, сега тежи милиони- Погледнете како денес изгледа синоокиот заводник по кој полудеа жените
Денес ужива во богатството...
Јавноста го запозна Џереми Микс во 2014 година и тој буквално ги запали социјалните мрежи откако неговата фотографија од апсење беше споделена на Фејсбук.
Џереми е роден во Калифорнија на 7 април 1984 година и стана популарен откако полицискиот оддел во Стоктон објави негова фотографија на Фејсбук.
Фотографијата собра неверојатни 75.000 лајкови, 20.000 коментари и 10.000 споделувања, поради што Џереми ги доби прекарите Blue-Eyed Bandit и „Jail Bae“.
Во 2002 година, Џереми одлежа девет години затвор, првично отслужувајќи две години за голема кражба.
Потоа, во 2014 година, Џереми повторно беше затворен за поседување оружје и отпор при апсење – тој беше ослободен од Федералниот затвор Мендота во март 2016 година. Неговата убавина ги маѓепса жените, но изгледа не само нив, туку и некои светски познати модни брендови и агенти кои го препознаа неговиот потенцијал за манекенство.
Џереми собра доста богатство откако излезе од затвор, му го сврте грбот на криминалот и стана успешен модел.
Синоокиот затвореник беше заштитно лице на многу големи модни куќи.
Неговото богатство денес се проценува на над пет милиони долари. Џереми сега живее во луксузна палата и вози спортски автомобил вреден 150.000 долари.
Многу негови фанови се разочарани по одлуката за развод.
Тој по осум години брак се разведе од сопругата Мелиса Микс со која има две деца.
Многумина го осудија поради оваа постапка, бидејќи сметаат дека откако станал популарен заборавил на оние кои секогаш биле до него.
Сопругата за неговата афера со Клое Грин дозна преку медиумите и во едно интервју истакна дека тоа многу ја погодило.
„Тој упорно ми се извинуваше – не за аферата, туку за начинот за кој дознав за неа. Се чувствувам понижена. Тој ми кажа „Не сакав да се случи вака“. Тие фотографии ќе ме прогонуваат засекогаш.
Ми велеше „Извини, ти не го заслужуваш ова“. Зборувавме за развод. Јас му кажав дека бракот не може да ни биде спасен, а тој се согласи.
Инаку за аферата дознав кога станав од спиење и го проверив мојот телефон. Некоја личност што не ја познавам ми испратила директна порака со фотографии на кои мојот маж бакнува друга жена. Бев шокирана, истакна Мелиса.
Во продолжение уште неколку фотографии од синоокиот заводник…