Кафе муабет

Беше и остана голем заводник: Пред да биде со Јована ја љубеше оваа пејачка, но ја изневери со позната манекенка!

Врската со Леонтина заврши поради неверството со поранешната манекенка, денес водителка Адријана Чортан...

Аферата на Жељко Јоксимовиќ е нешто за што многу се зборуваше додека музичарот беше во врска со колешката Леонтина Вукомановиќ.

Фото Инстаграм/Жељко Јоксмовиќ

Пред да започне сериозна врска, која потоа ја крунса со брак, со новинарката и водителка Јована Јоксимовиќ, музичарот Жељко Јоксимовиќ важеше за заводник и срцекршач. Дамите од естрадата буквално се натпреваруваа која да биде поблиску до него и да го освои а на неговиот шарм не можеа да одолеат ниту оние кои се занимаваат со други јавни професии.

Фото: Инстаграм/ Жељко Јоксимовиќ
Фото Инстаграм/Жељко Јоксмовиќ

Кантавторката Леонтина Вукомановиќ прва успеа долгорочно да го држи покрај себе популарниот музичар, а од непозната причина никогаш не сакала да потврди дека е во врска со него. За време на долгата романса, познатото дуо напиша некои од најубавите љубовни песни кои публиката и денес ги слуша со особена емоција, но нивната врска не опстана. Според тогашните медиуми, врската била прекината поради неверство и аферата на Жељко Јоксимовиќ со поранешната манекенка, денес водителка Адријана Чортан.

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

Тогаш се шпекулираше дека Јоксимовиќ тајно се гледа со Адријана Чортан со која набрзо започнал врска. Со атрактивната водителка помина три и пол години, а за сето тоа време таа немаше причина да не верува во неговата љубов.

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ
фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ
фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ
фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ
Фото инстаграм/Адријана Чортан
Фото инстаграм/Адријана Чортан
Фото инстаграм/Адријана Чортан

– Љубовта, поддршката, меѓусебното разбирање, довербата и почитта се најважните ставки на квалитетна и долготрајна врска. Досега не сум бил измамена и се надевам дека Жељко никогаш нема да ме излаже. Треба да се прифати минатото на партнерот без дискусија заради љубовта. Таа е дел од личноста која ме шармираше. Сепак, минатото му припаѓа на минатото, треба да се ужива во сегашноста и да се инвестира во најдобрата можна иднина. Жељко го гледам како вистински заштитник и мислам дека секоја жена тоа го очекува од својот партнер. Тој е мојот животен двигател и личност која бескрајно ме разбира и почитува – изјави водителката за Стори. Не можеше да претпостави дека музичарот ќе ја замени една година подоцна. По Евровизија одржана во Белград, неговото срце го освои Јована Јоксимовиќ, со која се уште е во брак и има три деца, синот Коста и ќерките близначки Срна и Ана. Адријана, пак, ужива во хармоничен брак со Немања Симиќ.


За потсетување, пред да стапи во брак со Јована, миленикот на женската публика Жељко Јоксимовиќ беше оженет со Весна Јоксимовиќ, со која ја има ќерката Мина.

Фото Инстаграм /Весна Јоксимовиќ
Фото Инстаграм/Мина Јоксимовиќ

Тие се венчаа кога тој имаше 23 години, а пејачот побара од Српската православна црква да го поништи бракот пред околу 10-тина години, за да може да и вети вечна љубов на Јована пред Бога.
Мина од својот татко го наследи талентот за музика, а судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, таа ја наследи убавината од нејзината мајка.

фото инстаграм/Весна Јоксимовиќ

Првата сопруга на Жељко, Весна не сака медумски да се експонира, па Мина ретко објавува нејзини фотографии. Меѓутоа, според неколкуте кои ги објави, може да се забележи дека Мина е пресликана Весна.

фото инстаграм/Весна Јоксимовиќ
Фото Инстаграм /Весна Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Весна Јоксимовиќ

Прекрасна црнка, со вито тело на кое многумина може да и подзавидат.

Весна и на овие години изгледа како “бомба” а тоа може да го видите од следните фотографии кои таа ги сподели на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close