Кафе муабет

Бебек се ожени со 34 години помладата – му роди две деца а синот е неверојатна копија на него!

Има 4 деца и во неа е заљубен до уши

Од рана возраст се интересирал за музика и го забавувал семејството пеејќи песни што ги слушал на радио. Талентот за музика го наследил од неговата мајка Катарина…

Легендарниот Желимир Жељко Бебек (75) е југословенски рок музичар, најпознат по тоа што е првиот пејач на групата Бијело Дугме со која достигна неверојатен успех и чии хитови се слушаат и ден денес.

фото инстаграм
фото инстаграм

Од рана возраст се интересирал за музика и го забавувал семејството пеејќи песни што ги слушал на радио. Талентот за музика го наследил од неговата мајка Катарина.

фото инстаграм

Сфати дека го привлекува вниманието на девојчињата кога пее, па започна да настапува и на училишни претстави. Вокалните способности на Жељко станаа познати во средно училиште, па на шеснаесетгодишна возраст започна да пее во групата „Ехо 61“, чиј член беше и Корнелија Ковач.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Кога групата се распадна, тој настапуваше со Зоран и Фадил Реџиќ сè додека Фадил не замина во Индекси. Во 60-тите години на минатиот век, тој ја прифати понудата на групата Кодекс, која беше една од највлијателните сараевски бендови во тоа време.

Во 1974 година, Југотон го издава првиот албум на Бијело дугме со песните: „Кад бих био Бијело дугме“, „Блуз за моју бивсу драгу“, „Не спавај, мала моја, музика док свира“, „ Селма “,„ Страдам десет дена “.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Останатото е историја … Нивниот успех беше неверојатен.

Иако на сцената изгледа агресивно сепак Жељко Бебек важи за романтичар кој е многу емотивен и чувствителен на страдањето на жените. Таблоидите објавија дека тој изјавил дека бил зависник од др-ога во младоста, но Бебек и неговите пријатели потврдиле дека тој никогаш не конзумирал дрога, не пиел, не се тепал и не правел други работи што се карактеристични за рок-ѕвезда.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Трета среќа за славниот пејач

Популарниот Жељко Бебек, по два брака, среќата ја пронајде кај 32 години помладата Ружица.

Тие двајца уживаат во хармоничен брак, а пејачот не крие колку му годи животот покрај Ружица и дека е лудо заљубен во неа.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Нема тука посебна тајна за успешен брак, или ви се случува да сретнете вистинска личност или не.
Јас имав среќа да ја сретнам на време и да бидеме сродни души.Тоа нас ни го обезбеди семејниот и животниот пат, рекол Жељко во медиумите.Тие имаат две деца, а оваа година прославија 18 години од нивниот брак.

Жељко Бебек не објавува често семејни фотографии на својот официјален Инстаграм профил, но тоа што успеавме да го најдеме кај него се неколку семејни фотографии на кои навистина изгледаат како среќно и хармонично семејство.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Зад себе има два неуспешни брака. Првиот е со Споменка, со кого ја има ќерката Силвија, а вториот е со Сандра, која ја роди ќерката Бјанка. Во 2002 година, тој се ожени по трет пат и е среќен во заедницата со неговата сопруга Ружица која е 34 години помлада.

фото инстаграм

Во 2003 година, тие го добија синот Звонимир, а две години подоцна и ќерката Катарина.

Жељко Бебек започна на своите концерти и настапи да го носи и својот син гитаристот Звонимир.

Пејачот е горд на својот наследник и горд е што може заедно на сцената да бидат и татко и син.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close