Кафе муабет

Барбара удри по Дарко Лазиќ: Не патам по него, тој не е вреден за страдање!

Го преболела...

Барбара Бобак, поранешната девојка на Дарко Лазиќ се обидува да се одржи во јавниот живот по раскинувањето со него, а сега проговори и го кажа своето мислење за неговата нова врска.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Барбара и Дарко раскинаа пред неколку месеци, а неодамна во јавноста се појавија фотографии со новата девојка, а фановите веднаш ја прашаа пејачката дали страда поради разделбата:

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Јас сум одлично. Кога немаш за што да страдаш, тогаш не страдаш. Немам за што да страдам – ​​рекла Барбара, а искоментирала и за неговата нова девојка, покрај која, според пишувањата на некои медиуми, тој сигурно ја преболел.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Одлично ако има, навистина ми е драго. Ако таа му одговара, ако е среќен, среќна сум и јас за него. Нека се живи и здрави – рекла пејачката, а потоа открила дали би стапила во контакт со бившиот партнер доколку сака да ја запознае со неговата партнерка.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Би контактирала со него на најнормален начин, не го мразам. Омразата јаде човек. Немам нерви да мразам никого. Ја градам кариерата, се посветив на работата. Мојот живот не се заснова на него, не е ни во мојот мал мозок – рекла Барбара.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Да потсетиме, пејачката претходниот период беше во центарот на вниманието поради тврдењата дека на неодамнешниот настап толку и се слошило што морале да ја изнесат од сцената, а сега откри што се случило и дека нејзината мајка, која е медицински работник, и помогнала.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Тоа беше пред една, две, три недели. Два дена пред тоа да се случи, снимив спот, цел ден потоа работев во Нови Пазар. Не јадев ништо што не треба, дури и не пробав алкохол. Тоа утро, кога го имав настапот, се чувствував добро, но кога почнав да се подготвувам и да се шминкам, почувствував мачнина и почнав да повраќам – изјави Бобакова, која набргу потоа и се јавила на мајка си да се консултира со неа.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Цело време се шминкав и повраќав! Но, не размислував да го откажам настапот поради сите тие луѓе што ќе дојдат, колеги музичари, газди… Јас сум таков, работохолик. Мајка ми ми донесе клометол и бев малку подобра, сепак, повторно повратив надвор од клубот! – изјави пејачката која и тогаш не се откажа од излегувањето на сцената.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close