Кафе муабет
Барбара открива: Не го искористив Дарко за напредок во кариерата- свадба не беше ни закажана
Рече дека се уште го сака како пријател...
Пејачката Барбара Бобак вчера го снимаше спотот за својата нова песна, емотивна балада, а пред почетокот на снимањето одговори на неколку прашања на новинарите.
Таа зборуваше и за Дарко Лазиќ и нивното раскинување. На самиот почеток откри дали пати поради раскинувањето.
– Не мора да страдате поради раскинувањето кога нешто ќе се прекине на здрав начин, пријателски. Нема причина за тага и лоши емоции. Без разлика дали имате различни перцепции или различни амбиции, нашите патишта едноставно почнаа да се разминуваат во однос на љубовта. Подобро е вака отколку да беше измама или скандал – рекла Барбара која тврди дека венчавката никогаш не ја ни закажале иако ја планирале:
– Свадбата не ни беше закажана за да се откаже. Тоа беа планови за светла иднина, но тоа не се случи. Не е вистина дека Дарко го користев за напредување во кариерата. Се гледа кога со некого си порад корист, и кога сакате некого. Сè уште го сакам, како пријател и човек.
Пејачката одговори и на коментарите кои деновиве се читаат за нивното раскинување, и дека таа го искористила само поради популарност.
– Не е точно дека го искористив за да се пробијам на сцената. Луѓето не се глупави, тие разбираат се. Ние луѓето од естрадата сме луѓе како и сите други. Веднаш се пишува дека најдов друг. Како сите да сме на сцената ку-рви. Не ми треба тоа сега. Со Дарко се уште комуницирам, имаме и закажано заеднички свирки. Луѓето не ангажираа заедно, но тоа е нормално. Бевме свршени, имавме планови.
За нејзините родители истакна дека не и се мешаат во нејзиниот избор и дека максимално ја поддржуваат за секоја одлука.
-Моите родители се секогаш на моја страна. Искрени се, чесни, максимално ме поддржуваат во сите животни избори. Никогаш не давале изјави, би ги замолила сите да не ги земаат моите родители во уста. На моите родители им е важно само тоа што сум среќна – откри Барбара на промоцијата на својата нова песна и на снимањето на спотот.
Таа откри и дали Дарко користел наркотици додека бил во врска со неа.
-Заедно пиевме, а кога се работи за наркотици, не сум јас таа која треба да ја прашате. Никогаш не го правеше тоа со мене, но не знам дали правел нешто зад мојот грб – вели таа.
Инаку пред неколку дена Дарко Лазиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, и зборуваше за раскинувањето со Барбара.
-Јас сум многу емотивна личност, со Барбара живеевме заедно речиси една година, таа е пред се одлична личност. Таа е партнер и пријател! Бевме многу добри имавме и пријателски однос и се сакавме, но едноставно сфативме дека не ни оди добро. Не беше тоа што го замислувавме, можеби малку избрзавме со одлуките – рече Дарко и додаде:
-Сега се договоривме да се разделиме како луѓе и да останеме пријатели, бидејќи таков човек треба да биде покрај тебе барем како пријател. Барбара е многу талентирана и таа е прекрасна девојка. Се сакавме и се почитувавме и сè уште е така. Легнував и се будев со неа една година, но подобро е да се дружиме.