Нега и здравје

АЛАРМАНТНО: Децата најпогодени од новите мутации на коронавирус- еве зошто Ковид-19 ги напаѓа тинејџерите!

Новите видови на вирус, како британскиот, се позаразни за децата...

Иако досега се сметаше дека Ковид-19 ги напаѓа повозрасните, сепак последните истражувања говорат дека постои опасност од вирусот и за најмладите, особено за тинејџери. На оваа возраст во Србија се пријавени повеќе пациенти со билатерална пневмонија и умерени клинички манифестации.

фото илустрација

Шефот на Детската болница на КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, д-р Оливера Остојиќ, изјави дека 25 заразени деца во моментов се лекуваат во таа институција, или 40 проценти повеќе отколку во март. Таа рече дека зголемениот број на пациенти со симптоми на ковид се претежно погодени од новите мутации на вирусот корона.

– Очигледно е дека новите мутации ги напаѓаат децата. Најкритичниот пациент со билатерална пневмонија има 15 години – рече д-р Оливера Остојиќ.

Затоа е очигледно дека новите видови на вирус, како британскиот, се позаразни за децата, но исто така и дека тинејџерите почесто се разболуваат затоа што помалку се придржуваат до мерките. Оливера вели дека во моментов најзагрозени се тинејџерите и помладите адолесценти, а во болницата со која управува има најмногу пациенти на возраст од 15 и 16 години. Тие развиваат билатерална пневмонија типична за Ковид.

Foto: Youtube/Printscreen/K1 Televizija

– Добиваат билатерална пневмонија бидејќи се развиваат во зрели личности, односно нивниот организам се развива и оттаму тие имаат посериозна клиничка слика. Британскиот вид е многу доминантен и, грубо кажано и е поподложен на помлада популација отколку порано- вели д-р Остојиќ.

Во моментот, Драгиша Мишовиќ лекува 25 деца во Детската болница во КБЦ, што е за 40% повеќе од минатиот месец.

– Од појавата на овој мутиран вид, децата се разболуваат почесто и повеќе. Во моментов, 40 до 50 проценти од вкупниот број на деца во клиниката се тинејџери, а 20 до 30 проценти се бебиња. Најмалку деца има од градинка и предучилишна возраст, што се покажа како безбедна зона – посочува д-р Остојиќ.

– Имаше случаи кога кислородот беше неопходен и тоа траеше неколку дена, но немаше случаи кога беше потребен респиратор. Се надевам дека ќе остане така и со овој мутиран вид. Сепак, иако постарите деца развиваат посериозна клиничка слика, тоа не е опасно по живот – истакнува д-р Остојиќ.

На прашањето дали треба да се вакцинираат и деца, д-р Оливера Остојиќ потсети дека вакцините искорениле многу опасни болести и затоа педијатрите секогаш се залагаат за имунизација со цел да се спречат болести и ширење на инфекции.

Foto: Freepik

– Веднаш штом ќе добиеме информација дека вакцините се безбедни за децата како резултат на истражување за деца и бремени жени, кои се најобемни и најсериозни, и кога ќе добиеме препорака од Светската здравствена организација дека децата треба да се вакцинираат, секако ќе ги следиме тие препораки – рече докторот.

Таа додаде дека сега најважно е да се вакцинираат постари од 18 години, додека децата во моментот не се приоритет.

Пред неколку дена и шефот на интензивна нега на Универзитетската клиника за деца во Тиршово, д-р Снежана Рсовац, посочи дека од почетокот на епидемијата, установата ги прави сите вообичаени дијагностички и терапевтски процедури за деца кои немаат ковид инфекција ниту се сомнителни.

Foto: Printscreen/RTS

– Посочено ни е да ги примаме најтешките пациенти кои имаат тешка форма на инфекција од ковид или постковидни компликации, кои треба да бидат оперирани или да имаат онколошка терапија, и за нив одвоивме цел еден спрат од зградата – изјави Рсовац за ТВ Вести и посочи дека нема мешање на црвени и зелени зони.

Говорејќи за деца кои бараат помош поради инфекција на корона таа изјави дека клиничката слика се разликува од случај до случај:

– Клиничката слика е различна, најчесто температурата е во прашање, децата повраќаат или имаат дијареја, можат да кашлаат, некои може да имаат нарушување во работата на срцето, функцијата на црниот дроб, бубрезите … Сепак тоа е многу мал процент.

– Има зголемување на заразените деца во последниот месец, месец и половина. Најверојатната причина е мутираниот вид на вирус, за кој се докажа дека се почесто се шири кај нашата популација. Децата на возраст до три или четири години ретко имаат посериозна клиничка слика, како и новороденчињата. Преносот преку плацентата за време на бременоста во нашата земја досега не е потврден. Децата во предучилишна и училишна возраст покажуваат најмногу симптоми, а имаме и значително зголемување на бројот на пациенти на таа возраст – изјави Рсовац.

A child in a medical mask during a coronavirus pandemic

Истиот став го дели и проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника.
Како што пренесе Скопје Инфо таа вели дека старосната граница на заболените од британскиот сој се симнува.

-Британскиот сој не ги исклучи и децата. Има побрз метод на ширење и граничната возраст ја симна. Клиничката слика кај децата од асимптоматски преминаа во симптоматски и гледаме класична слика на Сарс ков 2, рече д-р Софијанова во гостувањето на ТВ24. Се поголем број е на позитивни деца кои се примаат на клиниката. Она што го гледавме кај возрасните, сега го гледаме и кај децата, посочува Софијанова.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close