Кафе муабет
Ако сакате да доживеете вистинска љубов бирајте ги овие хороскопски знаци!
Според хороскопскиот знак одберете партнер кој ви одговара и вашата врска ќе биде совршена...
Астролзите предвидуваат супер љубовна врска доколку ја започенете ова лето.
Според хороскопскиот знак одберете партнер кој ви одговара и вашата врска ќе биде совршена.
Стрелец и Близнаци
Овие два знака се привлекуваат на сите полиња. Тие се физички создадени едни за други. Тие сакаат долги разговори, Близнаците се малку површни и сакаат да озборуваат, Стрелецот е искрен и темелен. Близнаците се секогаш подготвени за акција, Стрелецот тешко може да започне нешто ново и да ја смени својата рутина, сепак кога е во врска со Близнаци, Стрелецот станува вистински авантурист.
Бик и Шкорпија
Според астролозите, никој не може да биде сексуално привлечен за Бикот како Шкорпијата. Ако се спојат, тие можат да бидат заклучени во спалната соба со денови. Сè во врската за нив ќе изгледа фатално. Меѓутоа, кога ќе излезат меѓу пријателите, ќе видат дека се многу различни, Шкорпијата е премногу брза за Бикот, а Бикот е премногу пасивен за Шкорпија. Ако тие се подготвени за промени, нивната врска сигурно ќе успее.
Јарец и рак
Овие два хороскопски знаци совршено се надополнуваат. Студениот Јарец не може да одолее на емотивните испади на Ракот. Тие одлично се согласуваат во спалната соба, се надополнуваат едни со други. Меѓутоа, ако Ракот стане премногу „кенкав“ и започне да лелека дека Јарецот го игнорира, врската лесно може да заврши. Ако најдат заеднички јазик, можат да останат заедно со години.
Вага и Овен
Овенот толку неограничен и полн со енергија лесно може да падне на привлечноста на Вагата. Тие се толку различни што функционираат совршено, барем на почетокот на врската. Сепак, конзистентноста на Вагата лесно може да го направи Овенот досаден. Ако Вагата малку се откаже од својата тврдоглавост, може да ја има најдобрата љубовна врска во животот.
Риби и Девица
Во животот на рибите се е толку лесно. Родени се со доза на оптимизам и ништо не може да им го расипе добро расположение. Девицата сака работа, ред и дисциплина, потоа повторно работи, па наредува … Ако се сретне со Риби, може да отстапи од своите правила, барем на почетокот на врската. Тоа ќе биде совршена врска, која може да трае ако се најде компромис.
Лав и Водолија
Водолијата не дава овластување, Лавот живее само за тоа – да командува и да владее. Меѓутоа, ако дозволи уметничката Водолија да влезе во неговиот воен поредок, неговото владеење е готово. Неговиот татнеж станува шепот и тој ќе попушти пред Водолијата и ќе се препушти на слободното однесување. Совршена авантура!