Кафе муабет
Ќерката на Харис Џиновиќ повторно направи хаос на социјалните мрежи: Објави фотографија со новото момче- на татко и нема да му биде добро, разменуваат нежности јавно
Џина потврди дека има ново момче...
По бројните шпекулации за емотивниот статус на атрактивната ќерка на Харис и Мелина Џиновиќ, таа реши да стави крај на сите шпекулации и да покаже коe е момчето кое и го зароби срцето, па новото момче на Џина Џиновиќ веќе не е мистерија за јавноста.
Имено, откако во летото минатата година ја раскина врската со фудбалерот Андреј Ѓуриќ, љубовниот живот на наследничката на Харис продолжува да ја интригира јавноста, а написите за нејзината романса со музичката ѕвезда Војаж секојдневно ги полни медиумите.
Но оваа врска ја демантираа и двајцата а излегоа и написи дека Харис воопшто не бил воодушевен од новиот избор на неговата ќерка.
Откако таа јавно потврди дека ја прекинала врската со фудбалерот Андреј Ѓуриќ, кој од следната сезона настапува во Словенија, сите се запрашаа дали во животот на Џина Џиновиќ се појави ново момче кои ги помати плановите за заедничка иднина.
Инаку пред извесно време се шушкаше дека Џина изразила желба да живее со своето сега веќе поранешно момче, поради што нејзините родители Харис и Мелина Џиновиќ дошле во жесток конфликт.
Имено, Џина беше во врска со Андреј Ѓуриќ, фудбалер на „Црвена ѕвезда“, а како што објави „Стар“, таа ги известила родителите дека сака да се пресели со него во друга земја, штом потпише договор.
– Андреј моментално настапува за Ѕвезда, но прашање е кога ќе потпише нов договор и за кој клуб. Целта му е да оди подалеку, поточно да игра во странство, што ќе се случи до есен. Џина и тој се во врска три години и тоа е навистина многу голема љубов, па решила да биде вистински партнер и ако тој оди во странство планира да ги спакува куферите и да оди со него – рече извор близок до семејството Џиновиќ и додаде:
– Таа им кажа на Харис и Мелина по што настана џумбус. Харис и кажал дека разбира дека се сакаат и дека треба да му биде голема поддршка, но дека е уште млада да му се посвети и дека треба да размислува за школувањето. Џина му плесна во лице дека сега е полнолетна и сама одлучува што да прави – Харис доживеа уште поголем шок кога Мелина ја поддржа Џина.
Сега Џина Џиновиќ реши да проговори за нејзината емотивна врска која предизвика големо медиумско внимание, а нејзиното ново момче е главна тема.
Романтични снимки од Џина како позира со своето момче ги преплавија социјалните мрежи, а судејќи по овие објави, би можело да се каже дека таа е многу исполнета и среќна.
Џина на Инстаграм објави серија фотографии на кои двајцата си разменуваат нежности, а иако на сите фотографии го сокрила ликот на момчето кога го означила го открила неговиот идентитет. Тоа е Андреј Благоев, интересно е тоа што е имењак на нејзиното поранешно момче.