Кафе муабет

Јелена Ѓоковиќ го слави 36-тиот роденден: Не ја симнува насмевката а еве каква порака напиша- сите се прашуваат што се случило

Среќна е и задоволна...

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ денеска го слави својот 36-ти роденден, па по тој повод објави интересна фотографија на Инстаграм.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено, Јелена со своите следбеници сподели дека е родена во ист ден со хрватската писателка Весна Крмпотиќ и сподели цитати од нејзината книга.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

-На денешен ден пред 36 години се родив јас, но и прекрасна жена која повеќе не е меѓу нас – Весна Крмпотиќ која зад себе остави прекрасни книги кои ги читав со многу љубов, внимание и благодарност. Инспирирана и со воздишка… прекрасна Весна.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Еве ги стиховите што сакам да ги споделам со вас денес од нејзината неверојатна книга 108 × 108.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

„Не треба ништо да правите, напротив, не треба да правите толку многу. Тоа е вашата најважна работа, вашата најдинамична акција: да не правите многу од она што го правите. Толку многу зборови што сте ги кажале ќе се слушнат кога ќе замолчите. Запрете го чекорот, запрете ја помислата на движење; престанете да се движите, престанете да сакате да се движите. И во тишината на таа станица, станете свесни како патиштата го менуваат правецот од секаде – веќе не водат од вас, туку до вас – напиша Јелена во описот на фотографијата што ја објави, на која позира покрај базен со насмевка и кренати раце.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Инаку Јелена е голема поддршка на својот сопруг. Низ сите спортски успеси, Новак е придружуван од сопругата Јелена Ѓоковиќ со која е од тинејџерските години.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Тие се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.
Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Скарана е со свекрвата…

Неодамна во медиумите излезе и веста дека по триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ решил да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Имено, Новак Ѓоковиќ ја услови Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат –истакна  извор за „Стар“ и додаде:

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Останува да видиме дали конечно ќе се реши конфликтот меѓу свекрвата и снаата и ќе го растерети тенискиот ас.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close