Кафе муабет
Јелена му испрати порака на Душко: Овој потег на Карлеуша изненади многумина!
Се уште не стивнуваат случувањата...
Поп дивата Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави порака која замисли многумина.
Имено, пејачката сподели фотографија со цитат, а многумина се сомневаат дека пораката е упатена до Душко.
„Ако мажот очекува жената да му биде ангел во животот, прво мора да ѝ направи рај, бидејќи ангелите не живеат во пеколот“, објави пејачката.
Да потсетиме, познатиот српски фудбалер Душко Тошиќ со пријателите го прослави својот 37 роденден во родниот Зрењанин.
Откако неодамна беше во центарот на вниманието поради наводни обвинувања за семејно насилство, кои остро ги отфрли во порака до јавноста, Тошиќ направи прослава на која покани пријатели, меѓу кои имаше и сегашни и поранешни фудбалери.
Во тој период Јелена и нивните наследнички беа во Дубаи.
Имено наместо Божиќ да го дочекаат во мир, љубов и радост, пејачката и поранешниот фудбалер се најдоа во ударни вести.
Пејачката наводно побарала помош од полицијата бидејќи Душко физички ја нападнал.
За немилиот настан Јелена кратко проговори на Инстаграм, апелирајќи до јавноста и медиумите да престанат да шпекулираат и да ги остават неа и нејзиното семејство на мира.
За потсетување, пејачката го пријавила својот сопруг во полиција на 7 јануари, тврдејќи дека ја плукнал и и удрил шлаканица. На познатиот фудбалер му беше изречена итна мерка забрана за приближување до Јелена во траење од 48 часа, која потоа беше продолжена на уште 30 дена.
Како што пишуваа медиумите пејачката наводно сакала да заборави на се и имала желба да оди со него во потоплите краишта и да се обиде да ја зачува брачната заедница. Ова за „Курир“ го потврдил нивниот заеднички пријател, кој инсистирал да остане анонимен.
– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но дефинитивно со децата ќе замине на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал за се што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – изјави пријателот на Јелена и Душко.
– Јелена дава се од себе за да го спаси бракот. Ниту еден не споменува развод. Таа сметала дека е најдобро заедно да отпатуваат во Дубаи. Тоа би било одлична прилика да се средат работите, но ќе видиме дали ќе има заедничко патување, бидејќи на Душко му е забранет пристап од триесет дена. Карлеуша патува во среда и најверојатно ќе остане десетина дена. Овој настап и е многу важен. Таа жена многу издржа на својот грб, но работата и семејството и се на прво место. Ние пријателите сме убедени дека ова патување повторно би ги зближило – заклучи изворот.