Uncategorized

Јелена Костов го покажа трудничкото стомаче- оваа фотографија на пејачката ги освои сите комплименти

Изгледа прекрасно...

Пејачката Јелена Костов неодамна на јавноста и ја соопшти радосната вест дека чека уште едно дете со својот избраник, овој пат девојче.

фото Инстаграм/Јелена Костов
фото Инстаграм/Јелена Костов

Сега за прв пат јавно проговори за деталите од бременоста и откри дека до породувањето целосно ќе се повлече од сцената.

фото Инстаграм/Јелена Костов

– Оваа среќа не се опишува! За мене започна 2022 година на најдобар можен начин, со сознание дека ќе станам мајка по втор пат и како да се чувствувам? Толку многу го посакував, тоа ми беше најголемата желба и дури кога дознавме дека е девојче, на нашата среќа сега навистина и нема крај – вели Јелена.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Пејачката откри и дека многу колеги и честитале, и дека за разлика од првата бременост, сега повеќе ќе одмора и ќе се посвети на семејството.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Таа во последните три дена објави неколку фотографии на кои едноставно блеска. Може да се заклучи дека е задоволна од бременоста, а коментарите под објавите само се редеа.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Обожавателите ја опсипуваа со комплименти а еден од нив беше најспецифичен:

– Прекрасно ти прилега стомак- гласи коментарот.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Инаку Јелена е една од најсимпатичните „Гранд“ ѕвезди а кога е далеку од рефлекторите живее мирен семеен живот.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Таа заедно со нејзиниот сопруг Миљан Вуковиќ ужива во друштво на нејзиниот син Милија и секој слободен момент го користи да помине квалитетно време со семејството.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Јелена изјави и дека максимално ужива во животот откако станала мајка и кога би знаела дека родителството толку многу позитивно ќе ја промени и дека животот би и бил толку многу поубав, порано би станала мајка.

фото Инстаграм/Јелена Костов

„Да знаев дека животот ќе ми биде толку поубав и дека и јас ќе бидат поинаква, 100 % како мајка би се остварила многу порано“, објасни таа.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Таа откри и дека е една од оние мајки кои не знаат да се опуштат кога ќе се одвојат од своето дете, па така кога Милија ќе остане сам со жената што го чува, постојано и се јавува на дадилката да провери дали е сé во ред.

фото Инстаграм/Јелена Костов

„Многу сум досадна“, вели таа, пишува „Glossy“.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Јелена на почетокот на пандемијата го прележа коронавирусот, а како што тогаш откри утеха најде во својот наследник за кого вели дека секогаш ја насмевнува со својата невиност и палавост.

фото Инстаграм/Јелена Костов

„Мојот син секако дека може да ме расположи во секој момент. Тоа што морав да седам дома, едноставно сфатив дека така мора да биде, секогаш ќе се најде некоја рекреација, посебно кога сте со мало дете“, изјави тогаш пејачката за „Ново утро “ и додаде дека е ужасно тоа што за време на кризата со корона многу бракови се соочиле со тешка криза.

фото Инстаграм/Јелена Костов

„Ми се смееја зошто многу ја почитував изолацијата. Два месеци не мрднав од станот, сопругот ми носеше се што треба. Толку многу внимавав. Откако почна сето ова, имав само еден настап, зошто не сакав никого да доведам во незгодна состојба и да се изложуваме на ризик. Единствено што направив е што отидов кај родителите на месец дена. Толку им бев лута на некои луѓе што шетаа, а знаеја дека имаат симптоми“, изјави пејачката за медиумите додека се уште беше болна, во третата недела од тешката борба со вирусот.

фото Инстаграм/Јелена Костов

„Додека луѓето не почувствуваат на своја кожа колку е тоа опасно, мислам дека не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата“, изјави таа тогаш.

фото Инстаграм/Јелена Костов

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close