Кафе муабет
Ја раскинаа свршувачката поради реакцијата на младоженецот- невестата ја облече венчаницата а тој беше брутално искрен, еве што и кажа!
Анонимниот младоженец ја сподели својата приказна на „Redit“, каде корисниците можат да коментираат кој е во право.Анонимниот младоженец ја сподели својата приказна на „Redit“, каде корисниците можат да коментираат кој е во право...
Секоја невеста сонува за својата совршена венчаница од бајките, па така и оваа идна невеста која со месеци бараше вистинска венчаница за себе и конечно успеа да ја пронајде онаа вистинската за неа па од големата возбуда не можеше да ја чува во тајност до големиот ден.
Но, реакцијата на нејзиниот иден сопруг не беше она што таа очекуваше. Анонимниот младоженец ја сподели својата приказна на „Redit“, каде корисниците можат да коментираат кој е во право.
– Ми покажа делови од венчаницата и и реков дека се убави, ми одговараа на костумот. На крајот таа ми го покажа фустанот и ме праша што мислам. Ја прашав дали ја сака вистината и мојата критика или е сигурна дека и се допаѓа. Таа рече дека го сака моето мислење – вели младоженецот.
Невестата ја облече венчаницата и излезе пред него.
– Мојата прва мисла беше „благо разочарување“ – рече тој.
Пред да го купи фустанот, неговата свршеница му покажала инспиративни фотографии од „тесни, провокативни венчаници“ кои би се вклопиле во нивната тема за венчавка во шума.
Затоа, очекуваше такво нешто, но наместо тоа, идната невеста се појави во балски фустан.
– Таа е убава жена и изгледа одлично во сè, но фустанот целосно ја покри и не одеше со свадбената тема што толку многу ја подготвуваше. Таа избра ултра сјаен балски фустан.. Таа во суштина избра огромен фустан од темите на „Дизни принцезата“ и едноставно не ми се допаѓаше како изгледа – беше искрен младоженецот.
Тој дури и и признал на својата вереница дека фустанот не му се допаѓа.
– Замолкна и истрча, а потоа излета од куќата и отиде кај нејзината мајка – изјавил младоженецот, кој подоцна добил „тешка порака“, а неговата свршеница го блокирала на телефон.
Тој рече дека ова е нивна „прва голема расправија“ и дека тоа му пречи затоа што убаво ја прашал дали го сака неговото искрено мислење. Подоцна даде повеќе детали. Тој изјавил дека фустанот чинел 9 000 долари, што можеби е причина за драматичната реакција на неговата свршеница, со која треба да застане пред олтарот за само девет месеци.
Некои корисници на „Редит“ го критикуваа младоженецот за „нечувствителност“ и недостаток на претпазливост.
„Што може да очекуваш кога ќе и кажеш дека не ти се допаѓа фустанот кој таа веќе го купила, прашал еден корисник советувајќи го младоженецот да и каже дека би му се допаѓала со неколку мали промени: „Изберете нешто што таа може да го поправи. Тогаш може да се поштедите од неволја“.
“Дали имате историја на брутална искреност едни со други? Звучи како таа да не е подготвена за можноста за негативна реакција, рече друг корисник.
Двојката добила повеќе од 3.000 коментари и повеќето корисници сметале дека младоженецот не е во право, но сепак некои застанале на негова страна.
„Казнете го вашиот партнер затоа што тој има мислење што не се согласува со вашето. Навистина е неверојатно “, рече еден од корисниците.