Кафе муабет
Ја освоија публиката со улогите во филмот “Тома”: Нивната љубовна приказна е посебна, за свадбата се уште се зборува- еве зошто важат за еден од најубавите парови!
По желба на Тамара, Петар ја организираше нивната венчавка на Ада Бојана...
Петар Бенчина и Тамара Драгичевиќ се вратија од американската премиера на филмот „Тома“, а со првото јавно појавување во Белград привлекоа големо внимание.
Петар и Тамара се во брак речиси шест години а имаат и две деца.
Актерите кои станаа миленици на публиката по улогите во филмот Тома, за прв пат се појавија во јавноста по враќањето од американската премиера на филмот и го украдоа целото внимание на присутните.
Двојката не ја симна насмевката од лицето, а нивниот стил воодушеви многумина. Петар за оваа пригода одбра кошула, додека Тамара си поигра со принтови и бои и донесе вистинско освежување во тмурните есенски денови.
Петар Бенчина и Тамара Драгичевиќ моментално важат за еден од омилените брачни парови од јавната сцена, поради што целото внимание е насочено кон нив каде и да се појават.
Венчавката на Тамара Драгичевиќ и Петра Бенчина, една од омилените брачни парови од јавната сцена, во регионот е посебен настан за кој се зборува веќе пет години.
Кога во 2016 година во медиумите стигна веста дека Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина стапнале на „лудиот камен“, со денови се зборуваше за нивната бајковита свадба. И оттогаш, па до денес, нивната венчавка важи за една од најбасните свадби на Балканот.
По желба на Тамара, Петар ја организираше нивната венчавка на Ада Бојана, во присуство на семејството и најблиските пријатели. Секој детал од тој ден беше остварување на сонот на Тамара, а присутните ја окарактеризираа венчавката како најдобрата забава на која биле присутни некогаш.
Тамара во придружба на нејзиниот татко дошла со брод до плажата каде што ја чекал Петар облечен во бело. Матичарот ги чекал на плажата, каде што младенците во присуство на кумовите си размениле бурми и го кажале судбоносното „да“.
-Се чувствував нереално, како во бајка или најубав сон, а кога се приближив до бродот и ги видов сите тие убави и позитивни насмеани луѓе, како изгледа сето тоа на плажа, морам да признаам дека не знам што точно мислев во тој момент. Толку многу позитивни мисли ми се вртеа низ главата… Нешто навистина посебно и неповторливо – рече Тамара за Story.rs веднаш по венчавката.
За потсетување Тамара ја играше улогата на Силвана Арменулиќ во филмот за Тома Здравковиќ, додека нејзиниот сопруг го играше докторот на Тома.