Кафе муабет

Ја однесе во кревет сопругата на Миле Китиќ, се венчаше со МАЖ, се разведе и доби дете со својата најдобра пријателка

Контроверзниот Азис денес краде воздишки...

Васил Тројанов Бојанов, попознат по уметничкото име Азис, бугарски поп-фолк пејач својата кариера ја започна во 1999 година и за десет години стана исклучително популарен во родната Бугарија, но и низ целиот Балкан.

ФОТО: Азис / Инстаграм

Со години ги поместуваше границите на естрадата и со тоа стана голема ѕвезда. И поради него поединци сфатија како изгледа шоу бизнисот.

ФОТО: Азис / Инстаграм

Бугарскиот пејач Азис со својата провокација и со женкиот изглед, високи потпетици, нападна шминка и фризура стана најбараниот уметник на овие простори.

ФОТО: Азис / Инстаграм

На почетокот на кариерата Азис помина низ бројни трансформации, а на јавноста и се претстави како трансвестит и хомосексуалец. Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква, а популарниот пејач својата женствена верзија ја замени со апсолутно машки изглед.

ФОТО: Азис / Инстаграм

Азис никогаш не ја криел својата сексуална ориентација и јавно ги покажувал емотивните партнери. Пред речиси 15 години стапи во контакт со Ники Китаец, а во октомври 2006 година се венчаа, а овој нивни потег го шокираше традиционалниот Балкан.

Нивниот брак не бил легален, бидејќи бугарскиот закон, не ги поддржува истополовите бракови.

ФОТО: Азис / Инстаграм

Бугарскиот фолкер и неговиот сопруг биле кратко во брак, а во тој период учествувале и во бугарското издание на „Големиот брат“. Откако се разведоа, секој тргна по својот пат и оттогаш не останаа во никаков контакт.

ФОТО: Азис / Инстаграм

Азис и се посвети на ќерката Раја која ја доби во 2007 година со најдобрата пријателка Гал, а Ники се ожени со колешката на Азис, Виолета со која има дете.

Вистинскиот скандал во бугарската јавност се случи во 2014 година, кога самиот Ники повторно влезе во реалното шоу „Големиот брат“ и потоа откри една досега строго чувана тајна.

ФОТО: Азис / Инстаграм

– Азис ме плати да му глумам дечко, а потоа да се земеме. Го интересираше само славата и поради тоа беше подготвен на се – откри Ники, кој моментално работи како личен тренер и се занимава со боречки вештини.

ФОТО: Азис / Инстаграм

По неуспешниот брак, бугарскиот фолкер започна врска со Алекс, кој е аматер порнограф и заработува од тоа.

ФОТО: Азис / Инстаграм

За соработка со контроверзниот Бугарин се заинтересираа бројни регионални ѕвезди. Прва што го „скрши мразот“ беше сопругата на фолкерот Миле Китиќ, Марта Савиќ.

Фото Инстаграм/Миле Китиќ

Во 2006 година српската јавност брмчеше за многу  сцени од спотот „Верноста е измама“. Марта и Азис, тогаш трансвестит, се опкружени со проститутки, а на крајот од видеото заедно завршуваат во кревет.
Савиќ неколку години подоцна ја обнови соработката со бугарската ѕвезда. Азис, Мирко Гавриќ и таа договорија соработка за песната „Мама“.

Бугаринот го измеша својот глас и со Лепа Брена, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, а од неодамна и со Северина.


– Тој е исклучително талентиран тип за музика. Фасцинантно е тоа што сам себе си ја напиша сопствената кариера, песните; тој е текстописец. Тоа треба да се почитува. Мојата Анастасија ги слуша неговите песни, а тоа што ми го отсвире ме воодушеви – истакна еднаш Цеца.

ФОТО: Азис / Инстаграм

Азис во последните години реши целосно да се смени, почна да оди во теретана, вежба на своето тело.

ФОТО: Азис / Инстаграм             

Тој го тргна својот претпознатлив изглед на жена, денес е вистински мачо мен и е по маженствен од повеќето негови колеги.

ФОТО: Азис / Инстаграм

– Веќе 10 години не работам траснформации, ова сум јас, природен изглед, искрено рекол Азис.

ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм
ФОТО: Азис / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close