Дом и семејство
Ја нарекуваат мајка од “пеколот”: Инфлуенсерка мета на критики- се сликала со бебето на работ од балконот
Доби низа критики...
Камила Коељо e млада мајка на синот Каи а воедно и инфлуенсерка која со еден потег предизвика низа реакции.
Имено Камила Коељо беше осудена од јавноста затоа што сподели серија фотографии на кои позира со своето бебе кое го држи на работ од балконот.
Таа на својот Инстаграм профил има речиси 10 милиони следбеници па со нив сподели фотографии со својот седуммесечен син Каи во Париз.
На првата фотографија, бебето Каи стои на самиот раб со неговата мајка која го држи во раце, а на втората фотографија Коељо го држи бебето во воздух, исто така во близина на работ на балконот.
Семејството престојуваше во хотел со прекрасен поглед на Ајфеловата кула.
Следбениците ја нападнаа оваа млада мајка поради „опасните“ фотографии. Коељко беше нападната дека оди до таму што го ризикува своето бебе за да собере лајкови на социјалната мрежа.
– Оваа слика ме прави толку нервозна!!! Ве молам не го ставајте бебето на балкон!!! – напиша една од следбениците на оваа мајка.
– Бебињата и балконите не одат заедно – напиша друг корисник.
– Ве молиме избегнувајте да го држите бебето толку блиску до платформата без разлика колку сте внимателни. Едноставно е необјасниво опасно – напишал друг следбеник.
– Глупави работи правите за фотографирање. До каде можете да одите за лајкови? Да, вие сте во Париз, и да, имате поглед. Нема потреба да го ставате бебето на работ од балконот – гласи друг коментар.
Коељо не се огласи по овие коментари, а неколку дена подоцна објави слична фотографија, исто така со бебето на балконот.