Кафе муабет
ЈА ИЗНЕВЕРИ АЛЕКСАНДРА? Исак Шабановиќ призна – Завршил во кревет со обожавателка? „Што има да ЛАЖАМ?
Призна дека сега не флертува со девојки...
Пејачот Исак Шабановиќ ја обелодени врската со колешката Александра Младеновиќ и одговараше на незгодни прашања.
Имено, водителот на емисијата во гоја гостуваше Исак го прашал дали после еден негов настап завршил со обожавателка во кревет.
– Немам што да лажам, вистина е! Но, нема емоции – призна Исак во емисијата.
– Сега не флертувам со девојки, имам забрана – додал низ смеа и признал дека има многу обожавателки откако стана познат.
Исак додаде дека понекогаш му е тешко бидејќи е многу емотивен.
– Многу сум емотивен, не знам да разликувам бизнис од пријателство, мене ми е сеедно. Работам на тоа да бидам помалку емотивен, но претпоставувам дека хороскопскиот знак во кој сум роден, Рак ме уб-ива, во подзнак сум Скорпија – вели Исак.
Сите се прашуваат како Александра успеа да му го освои срцето на ова момче кое пред само неколку месеци изјави дека не е заљубен и дека поради природата на работата му било тешко да задржи девојка.
– Сега е малку потешко да се најде девојка, тоа сите го знаат. Тешко е да се најде личност која ќе ме гледа како Исак наместо како пејачот Исак, а тешко е и поради работата. Еве јас давам пример, наоѓам девојка од Белград, а утре сум во Словенија и мислиш дека ќе ми верува дека таму нема да флертувам. Не зависи од мене, од неа е колку ќе ми верува – изјави пејачот пред само неколку месеци и додаде дека и неговото семејство сака наскоро да се смири.
Меѓутоа, еден член имал посебен услов за неговата нова девојка.
– Се обидувам да најдам некоја, како што вели баба ми, само да е вработена. Моите немаат проблем со тоа која е и што е, што прави, само да работи, да има работа. Ако нивниот Исак престане да работи, да има кој да го храни, мислат на мене – изјави тој во емисијата „Практична жена“.
Потоа истакна дека бабите му се најголемата поддршка но и најголеми критичари, а најважно е што неговата нова девојка е пред се по мерка на неговите најблиски.
Со оглед на тоа дека Александра е една од најбараните пејачки, а патем и вистинска убавица, сигурни сме дека ги исполнила критериумите на неговата баба.