Кафе муабет
ШТО ТИ Е СО УСНИТЕ?: Луна Џогани ги загрижи фановите- откри што и се случува по породувањето!
Луна не откри какви критики добила, но на Инстаграм напиша изнервирана порака до оние кои ја „мразат“...
Ријалити ѕвездата, пејачка и Јутјуберка Луна Џогани пред извесно време реши да сподели со фановите дека има здравствен проблем и откри што се случило со нејзините усни.
Имено Џогани покажа рани на усните и загрижи многумина, а очигледно имаше и негативни коментари.
Луна не откри какви критики добила, но на Инстаграм напиша изнервирана порака до оние кои ја „мразат“.
„Да им објаснам само нешто на некои пастири за мојата уста, земам сериозен лек за акни веќе 2 месеци. Веројатно сте слушнале, тој е доволно силен и неговото дејство го суши целото тело освен што ми се испукани рацете, лицето и усните ми се суви и имам рани! , да не трескате повеќе…“, напиша Луна.
Да потсетиме, Луна неодамна ја доби ќерката Миа на која и го посветува целото време. Според проценките на сајтот „Јутјубер.ме“, Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ за еден ден заработиле 5.000 евра само за клипот на нивната наследничка. Според проценките на споменатиот сајт, Луна и Марко само за два месеци од видеа на Јутјуб заработиле околу 12.000 евра.
Купија луксузен стан!
Сопругот на Луна, Марко Миљковиќ, откри дека купиле уште еден имот, на Бежанијска коса.
Како што истакна, станот делумно го платиле во готово, а дел на кредит, а ги демантираше и приказните кои се појавија во медиумите дека всушност тие имаат добиено пари од нивните обожаватели.
– Во процес сме на вселување во нов стан на Бежанијска коса. Треба да ги добиеме клучевите за околу 20 дена. Го купивме поевтино затоа што го купивме во изградба. Најдоцна кон крајот на декември ќе се вселиме во новиот стан. Овој сегашен стан најверојатно ќе го издаваме, а во друг ќе живееме. За неколку години ќе купиме уште еден стан или куќа. Купивме кауч, кревет, бела техника и телевизор. Ќе го уредиме за два дена. Сакаме да влеземе во нов стан, се ќе биде направено по мерка. Точно е дека станот го купивме на кредит и дека ќе го вратиме во наредните 15 години, а се надевам многу помалку. Мора да бидеме упорни и да се трудиме. Заедно можеме да го платиме имотот. Еден дел го плативме во готово, еден дел е на кредит. Таа приказна дека обожавателите не финансираат, апсолутно не е точна – вели Миљковиќ.
Марко откри и како се снаоѓа во улога на татко.
– Ќерка ми е супер, првите два месеци постојано се будеше. Бевме подготвени за тоа. По два месеци почна нормално да спие. Се си доаѓа на свое, Миа цело време се смее. Таа е многу позитивно и задоволно бебе- вели Марко и на крајот открива дека Луна и тој едвај чекаат уште деца:
– Планираме проширување на семејството. Сакам Луна да одмори од породувањето, но разликата меѓу децата да биде што е можно помала за да можат заедно да одат во градинка и да се дружат. Работиме на различни проекти, се трудиме. Размислуваме за се што е големо – заклучува Марко Миљковиќ за „Блиц“.