Новости
Што и се случи по породувањето? Убавата Хурем НЕ личи на себе, фановите во „шок“ од ова издание
Познатата актерка пријатно ги изненади сите
Мерјем Узерли (37) која се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман величествениот“ ужива во мајчинството.
Имено, убавата турска актерка неодамна се оствари во улога на мајка кога по втор пат кога доби ќерка.
Хурем и додека беше бремена, како и сега, откако се породи, е мошне активна на социјални мрежи, а овој пат ги изненади сите со своето последно издание. Имено, за разлика од нејзините колешки кои многу ретко објавуваат фотографии на кои не се средени од глава до пети, Мерјем на својот Инстаграм објави фотографија со која предизвика лавина од позитивни реакции кај фановите.
Многумина го пофалија нејзиниот природен изглед и коментираа дека блеска откако се породи по втор пат.
Таа позираше без грам шминка и со разбушавена коса, но и покрај тоа ги освои своите фанови со својот шарм и изглед.
„Што и се случи на Хурем по породувањето? Никогаш не изгледала поубавo“, „Koнечно изгледа среќно, првата ќерка ја врати во живот, а по втората блеска“, „Се врати нашата Хурем! Црните денови конечно се зад неа“, и пишуваат верните фановите во коментарите под нејзината објава.
Таа претходно објави и фотографија на која е со бебето и на која имаше крпа на главата додека во прегратките е бебето.
Да потсетиме, Мерјем првата ќерка ја доби со поранешниот партнер Кан Атеш кој ја остави откако дозна дека е бремена.
Мерјем заради тоа доживеа нервен слом, па дури се биде и да си го одземе животот, по што заври на психијатрија.
Инаку, Хурем пред само неколку дена сподели ретки фотографии на кои позира со својот партнер, таткото на нејзината двомесечна ќерка Лили.
Шармантната актерка за оваа пригода сподели фотографии на кои покрај роденденската атмосфера можеме да го видиме и нејзиниот партнер, таткото на малата Лили што познатата актерка ја роди пред само два месеци.
„Среќен роденден на мојата Лара. Лили, мама и тато те сакаат многу! Нека Господ ги чува сите деца на овој свет“, стои во емотивната порака што актерката ја сподели преку својот профил на социјалните мрежи.
Хурем за прославата беше облечена во популарниот лик од детските видеоигри Супер Марио, а покрај јунакот од истоимената игра на роденденот беше уште еден познат лик од една од најпопуларните видеоигри – Кралот Купа.
Костумот на овој суперјунак го носеше маж чиј идентитет се уште не е познат, а турските медиуми претпоставуваат дека во прашање е новиот партнер на Хурем, мистериозното момче со кого таа е во врска.