Кафе муабет
ШОК: Брена крие голема тајна – фановите загрижени, ова никој не го знаеше!
Не жали пари кога станува збор за купување перики...
Членовите на семејството, особено се загриженио за здравјето на Лепа Брена, бидејќи пејачката се борела со одреден проблем кој и ја симнал насмевката од лицето.
Популарната пејачка важи за голем професионалец во својата работа, а се труди нејзиниот визуелен изглед секогаш да биде беспрекорен. Сепак, она што јавноста речиси го заборави е дека пејачката имала сериозни проблеми кои дури, како што се пишуваше, доведоа до депресија.
Косата и паѓаше, поради прекумерно белење, што ја принуди да носи перики, а тоа многу силно влијаеше врз неа и доведе до очај.
– Брена навистина има големи проблеми со својата природна коса која со годините станува се поретка и секој ден се повеќе опаѓа. Сфатила дека долгогодишното фарбање, надоградби и третирање на косата си го направиле своето. Се исплашила кога видела дека изгледа ќелаво. Залистоците се толку длабоки што е страшно. Некое време се обидуваше да ги пушти шишките за да ги покрие местата без коса, носеше надградби и секакви додатоци, но годините си го направија своето, веќе ништо не помага.
– Брена падна во депресија и носеше капи и марами некое време додека нејзиниот фризер не и кажа дека идеално решение се периките кои денес се толку напредни што ретко кој може да забележи дека има вештачка коса на главата. Иако порано носеше перики и не и беа омилени, Брена реши да послуша па на нарача две перики. Се прошета со двете во Арена и беше воодушевена од коментарите – изјави извор близок до фолк ѕвездата.
Не жали пари за перики!
Како што пишуваат медиумите, Брена брзо се прилагодила на промената, па како што се шпекулира и понатаму носи перики.
– Брена не ги симнува периките од главата, а не оди ни во продавница ако не стави на глава една од десетината што ги има сега. Толку многу се усоврши што ги носи и кога патува во странство и ги става сама, без помош на фризер. Таа е пресреќна кога ќе се погледне во огледало. Периките се лесни, од природна коса, со минимален број чешли, па Брена нема чувство дека нешто и пречи. Иако е позната како штедлива личност таа не зажали за парите за перики. Свесна е дека колку е подобро и поприродно изгледа и колку е поудобно за главата, толку е поскапо. Така ниту една нејзина перика не е поевтина од 500 евра – заклучува извор близок до Брена.