Дом и семејство

Шехерезад ги отвори вратите од луксузниот дом во Лондон- актерката се погрижи за сите детали, ваков дом посакува секој!

Заминаа во Лондон со своите деца...

Домот на Бергузар Корел во Лондон е сосема поинаков од оној во кој парот живее во Турција.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Кога минатата година се роди малата Лејла, ќерката на популарната Шехерезада  Онур, двојката реши малку поинаку да го украси својот дом во главниот град на Англија, за да тоа биде катче во кое подеднакво ќе уживаат сите членови на семејството.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Имено, во тек е реновирањето на нивниот стан, судејќи по најавите на турската актерка.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм  

Бегузар и Халит наскоро ќе добијат камин, идеален за студените вечерни часови. Иако во турските медиуми се шпекулираше дека парот дефинитивно се преселил во Англија, нивниот ПР менаџер го демантираше тоа со објаснување дека парот често го посетува Лондон во последните пет години.

Додека се работи на каминот, Бергузар на социјалните мрежи им открила на своите придружници дел од дневната соба, како и неколку детали во станот, а фановите не останаа рамнодушни на глетката. Гледајќи ги претходните фотографии од домот во Турција и споредувајќи ги со сегашниот дом во Лондон, се добива впечаток дека актерката е талентирана за внатрешен дизајн, бидејќи секој агол е уреден според нејзината визија.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Освен тоа, нивните синови Али и Хан, како и нивната ќерка Лејла, се исклучително заинтересирани за тоа што барем на одредено време ја промениле средината, а хармоничното семејство ужива во нови авантури во Англија.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

За потсетување, Бергузар Корел и нејзиниот сопруг неодамна имаа посебна причина за славење. Имено, најдолемиот син Али го прослави својот 12-ти роденден.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

По тој повод убавата актерка на својот Инстаграм профил му испрати емотивна порака на синот.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

-Али мој.. мое сонце. Во овој живот најмногу го сакам мајчинството. Благодарение на тебе. Ти го промени мојот свет. Исклучително сме среќни што си наш син, се чувствуваме привилегирани затоа што ти ги осветлуваш наште животи. Нека никогаш не престанат сочувството, толеранцијата, емпатијата и ентузијазмот што ги чувствуваш во животот. Мое сонце, Али. Ти благодариме илјада пати за светлината и среќата што ја внесе во нашите животи пред 12 години. Ти благодарам што постоиш. Биди среќен оваа година. Јас и ти заедно, напиша Бергузар и ја сподели првата фотографија на Али.ж

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Потсетуваме, брачната двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч во ноември минатата година ја добија својата прва ќерка по синовите Али и Хан, која среќните и горди родители ја крстија Лејла.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

Турската актерска двојка која имавме можност да ја погледнеме во серијата „1001 ноќ“ неодамна по трет пат се остварја во улогата на родители.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

Актерката реши јавно да го сподели своето лично искуство од третото раѓање и посочи дека секое породување е разлилно.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

“Приказната на Лејла беше посебна од првиот ден. И покрај силната болка што ја чувствував, на прагот од болницата реков дека нема да го родам ова девојче до 10 часот. На крајот од 40-та недела, докторот ми објасни дека тоа беше причината зошто нашата девојка сè уште не беше подготвена.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

„Можеби папочната врвца е прекратка“, рече тој. Часовите минуваа и моето тело беше целосно подготвено за бебето да излезе. Сепак, таа одлучи да не држи во неизвесност. 11 болни часови поминати во болница Лејла се роди точно во 10 часот – како што мислев. Се роди со папочна врвца завиткана околу вратот и ме спречија да ја земам во раце. Иако се беше подготвено, Лејла се роди кога таа беше подготвена“, рече Бергузар.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Актерката во објавата сподели и неколку фотографии од породувањето, а со тоа, покажувајќи храброст, порача дека секое бебе е различно, а со тоа и – секое раѓање.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

“Не планирајте ништо. Ова е нешто што си оди по својот пат. Важно е да имате искусен тим и лекар со кој вашата приватност и здравјето на бебето ќе бидат пред се”, рекла актерката.

Фото Инстаграм/Бергузар Корел

Бергузар и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч (Сулејман Величествениот) се во среќен брак од 2009 година, а покрај девојчето Лејла, имаат и две момчиња, Али и Хан.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close