Кафе муабет
Цуца помина 15 години со Шабан Шаулиќ, нивната љубов беше посилна од се- денес е среќно мажена и гордо го покажа сопругот
Му роди и дете...
Пејачката Ивона Неговановиќ -Цуца најчесто беше во јавноста поради наводната љубовна врска со покојниот Шабан Шаулиќ.
По смр-тта на Шабан се појавуваше низ медиумите, го оплакуваше кралот на народната музика, но го покажа и бебето за кое многу се шпекулираше кој е таткото, а потоа исчезна.
Таа денес е среќно мажена, се омажи во септември 2020 година, а сега на социјалните мрежи објави фотографии со сопругот.
Ивона во 2016 година за медиумите изјави дека е горда што е љубовница на кралот на народната музика.
„Да се родам пак, би се согласила да му бидам љубовница на Шабан Шаулиќ. Би сакала да му родам дете, јас сум слободна девојка и имам право на тоа. Сепак, знам дека би поминала низ пекол затоа што ќе има многу пречки. Да не беше така, одамна ќе го родев, бидејќи годините се зад нас“.
„На денот на смр-тта на Шабан станав во 7 часот наутро иако не се будам рано. Одеднаш почувствував глад и изедов баварска кифла. Како да почувствував дека нешто се случи. Потоа се вратив во кревет да продолжам да спијам. Околу 11 часот видов многу пропуштени повици. Веднаш му вртев на Шабан на телефон. Заѕвони но тој не се јави. Потоа му се јавив на кумот, но ни тој не се јави. Кога конечно се слушнавме, му реков: „Друже, каде си? Како е?„Кумот потоа почна да плаче и рече: „Не знам каде е Шабан.“ Плачевме заедно“, изјави Цуца за „Република“ и додаде:
„Од неговата см-рт ослабев 10 килограми. Не јадам, не пијам, не спијам, не дишам… ум-рев заедно со Шабан. Тој поминуваше време со мене додека неговите беа надвор од државата. Бевме заедно 15 години. Го сакав само Шабан и сигурна сум дека никогаш нема да се омажам“ ззборуваше Цуца по загубата на Шаулиќ.
Цуца постојано повторуваше и дека сопругата на пејачот, Гордана не се помирувала со тоа што Шабан ја сака, и дека на секој начин се трудела да ги раздели.
“Гордана плаќаше луѓе да ме унаказат. Сакаше да ми го уништат лицето. Сепак, навреме дознав за нејзината намера и веднаш ја известив полицијата. За ова бил свесен и Шабан. Сепак, записникот кој е тогаш напишан денес е исчезнат од полицијата“.
„Тој ми беше се` сиве овие години! Не му се јавував на татко ми кога ми требаше совет, туку него. Тој ми беше десна рака и за работа и за живот. Слободно можам да кажам дека Шабан имаше голема улога во мојот живот. Тој е одговорен за се што правев и научив. Ме научи да не бидам одмаздољубива затоа што ниту тој не беше одмаздољубив. Ме научи да простувам. Не сум некоја што сака да привлекува внимание и јас сум скромна исто како и тој. Кога шетавме низ град не бев впечатлива.Кога одевме на вечера сакав да одам на скриени и мирни места. Летувавме во Крчедин, а зимувавме во Белград во разни апартмани и хотели. Гледавме натпревари, разговаравме за настани од животот. Шабан ми кажа многу за мајка му и пријателите од Шабац”, откри Ивона и истакна дека Шаулиќ не сакал да си оди дома бидејќи сопругата Гордана постојано го терала да работи.
„Гордана ги сакаше само парите на Шабан. Таа имаше само пари на ум. Шабан беше скромен човек кој возел фиат стајл, а покрај тоа имал и зелен џип кој Гоца на крајот му го земала. Не ме интересираа неговите пари ниту некогаш сум му земала нешто. Важна ми беше само неговата љубов.Искрено,Гоца не ми пречеше затоа што ја интересираа само парите, меѓутоа, годините минуваа а ние сè уште бевме заедно, па не и беше сеедно“, изјавила Цуца пред три години.