Дом и семејство
Цеца прозборе за бременоста на Анастасија: Откри како се согласуваат идниот зет и синот Вељко!
Сите се пресреќни поради приновата...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ наскоро ќе станат родители на девојче.
Мајката на Анастасија, Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за бременоста на нејзината ќерка и опиша како се чувствува.
„Фала му на Бога што е така, многу сум среќна,навистина не знам што да кажам. Се радувам многу, сите сме многу среќни“, изјави Цеца, пишува „Блиц“ и проговори за тоа колку добро се согласуваат нејзиниот син Вељко и зетот Немања Гудељ.
„Тоа е прекрасно, тоа е целта на секој родител, пред се кога има деца, децата да се согласуваат, а потоа и нивните избори. Можам да кажам дека сум презадоволна и многу среќна“.
Анастасија моментално е во четвртиот месец од бременоста, а таа и нејзиниот партнер Немања Гудељ веќе започнаа заеднички живот во Севиља каде уживаат во секојдневието.
Среќната вест за бременоста парот веќе ја сподели со најблиските членови на семејството и пријателите, а меѓу најсреќните беше Цеца која заплака кога и кажаа.
Медиумите дознаа и каков бил разговорот на идната мајка и Цеца.
Цеца во телефонски разговор прашала како се чувствува нејзината ќерка.
– Немаш повеќе мачнини? Цеца ја праша Анастасија.
– Сега немам, веќе е готово, сега сум спокојна. Како воопшто да не сум ни трудна – одговори Ражнатовиќ.
– По прекрасната вест дека Крстан дојде кај нас, следуваше уште една убава вест и уште една бременост и уште едно бебе кое со нетрпение го очекуваме – изјави баба Цеца.
Таа веднаш купила билет и отишла таму да ја посети ќерка си и да ги сподели среќните моменти со неа. Посебно се воодушевила кога слушнала дека Таша ќе роди девојче – изјавил за „Телеграф“ добро упатен извор.
Дека Цеца со нетрпение го очекува породувањето на нејзината внука може да се насети во нејзината изјава за новинарите откако го доби вториот внук.
– Се надевам дека ќе имам десет внуци. Би сакала да имаме девојче, јас би банкротирала. На Анастасија и е жал што не може да биде со нас, чека документи, не може да ја напушти државата – изјави Цеца.