Кафе муабет

Цеца или Гоца Божиновска: Даниела ги омажи ќерките во познати семејства и открива со која од сваќите е во подобри односи!

Одлично се сложуваме, не можам да издвојам која повеќе ја почитувам, и двете се одлични...

Даниела Родиќ стана најпозната баба во Србија откако  нејзините ќерки Бојана и Богдана се венчаа со Мирко Шијан и Вељко Ражнатовиќ.

Фото Инстаграм/Богдана Родиќ

Таа сега за медумите истакна дека нејзините ќерки нема да застанат само на едно дете, и дека би сакала секоја од нив да роди по три деца.

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ

– Би сакала секоја моја ќерка да има по три деца! Богдана има прекрасен син Жељко, минатата недела Бојана го роди Зоран и сигурна сум дека нема да остане само на едно дете. Истото го очекувам и од мојата ќерка Наташа, која се уште не е мажена. Значи, сакам да имам девет внуци – вели Даниела тврдејќи дека бракот на нејзините ќерки со Ражнатовиќ и Шијан е обична случајност:

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Богдана Родиќ
Фото Инстаграм/Богдана Родиќ

– Никогаш не сум сонувала дека ќе станам фамилија со Цеца и Гоца. Сето тоа е судбина, никој не го испланирал така – вели Даниела и додава дека е блиска со двете сваќи:

Фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

– Одлично се сложуваме, не можам да издвојам која повеќе ја почитувам, и двете се одлични. Јас и Цеца бевме на Кипар и поминавме феноменално. Таа е прекрасна и гостопримлива,  јас сум во контакт и со Гоца, имам само пофални зборови за неа. Среќна сум што мојата Богдана добро се сложува со Цеца, како и Бојана со Гоца. Сите се почитуваме и тоа е најважно-тврди Даниела, која вели дека не и е важно дали нејзиниот трет зет ќе биде од славно семејство:

Фото Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ
фото инстаграм/ Гоца Божиновска
фото инстаграм/Бојана Родиќ

– Не размислувам за тоа. Тоа се случи сосема случајно со Богдана и Бојана, судбината така сакаше. Не ми е важно дали Наташа ќе избере некој што ќе биде познат, туку само да биде човек што ја сака и ја почитува. Тогаш моето срце ќе биде полно – истакнува Родиќ, која минатата недела имаше феноменална прослава во Сурчин по повод раѓањето на нејзиниот внук:

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Мирко Шијан

– Ни беше многу убаво, останав до еден и пол по полноќ! Игравме, пеевме, сите бевме добро расположени. Внукот ми е како шеќер, пресреќна сум што станав баба по втор пат. Се надевам дека ќе го прославам раѓањето на моите внуци уште најмалку седум пати! Нема ништо поубаво и поважно од раѓањето на дете – заклучува Родиќ за „Информер“.

Нејзините ќерки успеаа да ги освојат срцата на синовите на познатите пејачки!

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Блиц

Мајката на познатите сестри истакна дека е пресреќна што нејзините наследнички пред се пронашле добри мажи, и смета дека во подобри семејства не можеле да се омажат. Таа е среќна и што свекрвите убаво се грижат за нејзините ќерки.

фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ
фото инстаграм/Бојана Родиќ

Имам сјајни сваќи. Не можам да кажам која е подобра, не правам разлика меѓу нив. И Цеца и Гоца ми се супер! А она што на мене ми е најважно е тоа што за моите ќерки се грижат како што треба, исто како и нивните синови, изјави Даниела.

Фото архива
Фото архива

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close