Кафе муабет
Цеца е горда баба и свекрва, откри какво изненадување и припреми на снаата: “Кога ќе добијам внука ќе банкнотирам”!
Крстан донесе радост во семејството...
Цеца Ражнатовиќ е пресреќна бидејќи доби уште едно внуче чие раѓање го прослави со семејството и пријателите.
Таа на претставниците на медиумите им откри дека сака уште внуци и опиша како изгледа малиот Крстан, кој е роден на роденденот на неговиот покоен дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Цеца прво истакна дека е среќна и благословена и дека сака уште внуци:
– Ова е голем благослов и се надевам дека ќе имам 10 внуци.
На прашањето чија била идејата Богдана да се породи на роденденот на нејзиниот покоен сопруг, Цеца истакна дека Бог предодредил Крстан да се роди на тој голем ден за семејството Ражнатовиќ.
– Тоа е прекрасно, не беше идеја. Не можете да наредите да се роди бебе, тоа се Божји планови. Бог даде бебе на роденденот на неговото дете, рече Цеца.
Пејачката опишала како изгледа нејзиниот внук Крстан, кој е роден со тежина над четири килограми:
– Бебето е медено, личи на брат му Жељко. Крофна една, тој е едно големо бебе. Малку се плашев, но момчето е големо. Жељко го виде бебето, му се јави мајка му Богдана и се радуваше кога ја виде: „Мамо, многу е мало, сладок е“.
Цеца откри и дека има посебен подарок за својата снаа, но не сакаше да каже што е тоа:
– Имам посебен подарок за снаа ми, таа не знае, сакам да биде изненадување. Крстан ќе добие безусловна љубов. Би сакала да имаат девојче, тогаш јас би банкротирала. На Анастасија и е жал што не може да биде со нас, чека документи, не може да ја напушти државата, посочи Цеца.