Кафе муабет
Цела година чекаше: Сека Алексиќ сподели среќни вести- пејачката пред БОЖИЌ го доби најубавиот подарок!
Рачно изработена икона го краси нивниот дом...
Пејачката Сека Алексиќ сподели среќна вест со следбениците на својот Инстаграм профил.
Имено пејачката соопшти дека по една година чекање конечно дојде голема радост во домот.
Јавноста е запознаена дека Сека секоја година го има еден од најубавите украсени домови, а бидејќи е исклучително активна на социјалната мрежа Инстаграм, редовно објавува семејни фотографии со сопругот Вељко и синовите Јаков и Јован во празнично украсениот дом.
Познато е дека Сека е побожна и дека своите наследници ги учи да бидат што поблиску до Бога, па на само два дена пред најсреќниот празник Божиќ од домот на пејачката одекна радосна вест.
Пејачката пред година и половина нарача рачно изработена икона на „Тајната вечера“, а сега конечно пристигна во Стара Пазова. Сека не ја крие среќата и радоста, па на следбениците веднаш им покажа каде е поставена иконата во семејниот дом.
Јаков и Јован на фотографиите не ја симнаа насмевката од лицето, а познато е дека Сека многу ги сака божиќните празници, па за овој празник подготвува специјалитети во кои уживаат заедно со Вељко и нејзиното семејство.
За потсетување, на неколку наврати пејачката Сека Алексиќ зборуваше за борбата за потомство и долгото чекање да се оствари во улога на мајка.
Сега кога ги доби синовите Јаков и Јован таа вели дека мајчинството е најголемиот дар кој го добила во животот и во улога на мајка најмногу ужива. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ седум години чекале да добијат дете и да се остварат во улога на родители а нивниот син Јаков дојде во вистинско време.
Многудетното семејство отсекогаш било нејзин сон, а синот Јован бил следниот дел од нивниот семеен мозаик. Сека во една прилика откри дека би сакала да има пет деца со сопругот Вељко, а синовите и се најголема гордост.
„Господ ќе не дарува со уште повеќе. Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата. Се надевам, со вера во Бог, дека Јаков и Јован ќе добијат повеќе браќа или сестри“, рече Сека, на која не и е грижа дали следниот член на семејството ќе биде повторно девојче или момче.
Пејачката откри колку ја променило мајчинството и како сега покрај себе има само вистински пријатели.
“Им простив на луѓето пред децата. Не сакам да живеам во лоши и грди чувства. Им простувам на сите, но секогаш ги чувам блиску до мене луѓето кои се вистински пријатели, кои ме сакаат мене и моето семејство и обратно”, изјави пејачката за Блиц.