Кафе муабет
ХИТОТ НА АНА БЕКУТА КРИЕ ГОЛЕМА ТАЈНА: Еве на кого е посветен текстот на популарната песна- ова никој не го знаеше…
Марина е заслужна за нејзината кариера...
Пејачката Ана Бекута во досегашната кариера има снимено многу хитови, а „Златиборски зори“ секако е еден од нив.
Текстот е напишан во 1996 година, а на првото слушање оваа песна стана голем хит кој е актуелен и денес.
Оваа песна освен што постигна голем успех, крие и интересна приказна.
Ана еднаш откри како всушност настанала нејзината позната песна.
Марина и Фута се скараа таа година и се смирија во Златибор. Така настанаа тие стихови: „’Opraštam ti zlatiborske zore, mesečinu iznad mora Crne Gore, opraštam ti reke i ravnice, neke krupne stvari, al’ neću sitnice’“, изјави Бекута за „Ексклузив“.
Ана секогаш нагласуваше дека Марина во голема мера е заслужна за нејзината успешна кариера.
Првиот маж ја направил популарна…
Многумина не знаат дека познатата пејачка Ана Бекута на почетокот од својата кариера живееше во невенчана заедница со музичарот од Шабац, тапанарот Предраг Видовиќ Преј, десет години.
1981 година беше пресудна за Ана. Предраг Видовиќ се врати во Шабац во раните 80-ти години по ангажманите во Германија и Америка. Сфаќајќи дека може да заработи подобро од фолк музика, Видовиќ го смени музичкиот правец и заедно со неговиот бенд објави конкурс за пејачка.
На конкурсот се појавила тогаш анонимна девојка Неда Полиќ, а пoради називот на бендот на Преја „Анбе“ настанало и нејзиното уметничко име Ана Бекута.
Заедно со Предраг Видовиќ, Ана започна сериозно да се занимава со музика. Додека работеле, тие се зближиле приватно и биле во врска цели десет години.
Музички соработуваа одлично, а покрај тоа, романсата на Ана и Преја траеше десет години и тие живееја во невенчана заедница.
На една од нејзините турнеи, во раните 90-ти, Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ. Во 1992 година, таа ги напушти Преја и Шабац засекогаш и се пресели во Белград. Живеела и работела со Слободан до 2000 година.
После тоа Ана имала неколку кратки врски, се до 2012 година кога Бекута за среќа го пронајде својот сега покоен партнер Мулитин Мркоњиќ.