Кафе муабет
ХЕЛЕНА ТОПАЛКОВИЌ ЗБЕСНА ПО ВЕСТА ДЕКА Е БРЕМЕНА: Многу дискретно и кажувате на жена дека се здебелила!
Истакна дека качила некој килограм...
Ќерката на Топалко, Хелена Топалковиќ сега Алексиќ бесна на медиумите реши да стави крај на шпекулациите па сподели слика на својот Инстаграм профил и луто се обрати до сите оние кои претпоставуваа дека е бремена само поради тоа што се здебелила некој килограм.
Откако вчера како бо-мба одекна веста дека Хелена Топаловиќ е бремена, ќерката на пејачот реши да се огласи по тој повод.
Таа објави фотографија со својот сопруг и еве што им порача на своите следбеници на социјалната мрежа.
А по веста за бременоста сите го чекаа коментарот на Хелена. Сепак, таа стави крај на сите сомнежи.
– Престанете да ме малтретирате, не сум бремена. Пишувате дека сум бремена по трет пат откако се омажив. И ви благодарам што толку „дискретно“ и кажувате на една жена дека е бремена иако малку се здебелила – напишала таа.
Да потсетиме, Хелена кон средината на септември минатата година се омажи за својот избраник Драган Алексиќ, со кој исто така започна бизнис.
За потсетување, веста дека е бремена излезе откако Хелена позираше во црн фустан, од кој бујните гради дојдоа до израз, а истите тие гради предизвикаа бројни контроверзни прашања.
-Дали си бремена – беше еден од коментарите а многумина се запрашаа истото, со оглед на тоа што нејзините гради на фотографијата беа навистина отечени.
За оние кои не се упатени, Хелена долго време ја криеше врската со поранешниот сопруг на водителката, со оглед на тоа дека тој се разведе во тој период, а потоа признаа дека се заедно и дека одлично се сложуваат.
Следуваше свадба скриена од очите на јавноста, а по фотографиите кои го кријат неговото лице, Хелена неодамна објави една на која среќно се гушкаат без емотикони на неговото лице и така за прв пат јавно го покажа својот сопруг.
Атрактивната бринета на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и видеа на кои често го покажува својот луксуз и се фали со скапи подароци од својот сакан.
Инаку, познато е дека партнерот на Хелена е поранешен сопруг на водителката од Хепи ТВ, Јелена Димитријевиќ. Како што пренесоа некои портали, неофицијално, тој е бизнисмен кој поседува една зграда од дваесет ката во Дубаи.