Новости

Хаос на интернетот заради Јелена Ѓоковиќ: „Со години носам иста маичка и исти фармерки“

Дали е можно некој да има милиони, а да изгледа вака?

Сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, се појави во една емисија во издание за кое се уште се зборува.

Имено, многумина беа изненадени кога Јелена во емисијата се појави во обични фармерки и блуска, па на социјалните мрежи сега можат да се пронајдат најразлични коментари на сметка на нејзиниот изглед, но и за она што го кажа во емисијата.

Таа е позната како некој што не придава премногу значење на гламурозната облека, а на некои и не им се допаѓа нејзиниот стил.

Фото: Принтскрин

Еве што вели таа за тоа:

„Секој има право да се искаже. Јас толку, што станав обично досадна, Пронајдов смисла дека помагам на тој начин на природата. Тоа е убаво. Не купувам повеќе како што купував порано. Носам исти фармерки по неколку години, носам една иста маица, сакам кога секогаш имам иста фризура, не користам шминка. Станав досадна, но со ваквиот избор придонесувам за нешто. Не сум нужно во право, јас само чекорам по некој свој пат, ова мене ми одговара. Имам самодоверба, изгледа како јас да сум потполно во право! (Се смее) Јас така зборувам, па… Се сакам себеси, се така зборувам со некоја страст, не знам.“

Фото: Принтскрин

„Верувајте ми, јас можам задутре да се премислам. Можам да кажам: а не, ова не е за мене. Се што правам правам сто отсто. И работам сто отсто и да се премислам“, изјави таа во емисијата „Меѓу нас“.

Фото: Принтскрин

„Дали е можно да имаш толку многу милиони, а вака да изгледаш?“ коментираше еден нејзин фан на социјалните мрежи.

Инаку, таа и неодамна се најде во центарот на вниманието ко кога еден корисник на социјалните мрежи ја спореди со Дијана Јанковиќ, познатата и контроверзна пејачка која постојано го покажува своето богатство.

Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

„Искрено, ако имате многу пари, подобро е да сте како Дијана Јанковиќ, отколку како Јелена Ѓоковиќ“. „Па вие сами изберете дали сакате со јахтата да влетате во пристаништето во Мајами и да снимате со Шеги или да правите сапун од мајчино млеко и да ги тренирате верверички да ги отвораат чакрите“, беа коментарите што привлекоа големо внимание на Твитер и Инстаграм.

Иако 99 % од луѓето очекуваа дека сопругата на најдобриот тенисер на светот нема воопшто ни да го види коментарот, Јелена покажа каква царица, па одговори на истиот, и тоа јавно, пред сите свои фанови.

Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Таа преку „скриншот“ од објавата напиша:

„Хахаха! Јас повторно би била јас!“

Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close