Кафе муабет
Хана Хуљиќ искрено: „Се надевам дека наскоро ќе можам да излезам без луѓето веднаш да ме сликаат“
Откри што најмногу и пречи...
Хана гостуваше во емисијата „Код нас дома“, а за таа прилика реши да остане доследна на својот кежуал стил, па облече удобна комбинација.
Таа искрено проговори за својата кариера и слава, а на нејзината рака можеше да се забележи венчален прстен.
Бремената Хана Хуљиќ (31) откри се за работата и односот со родителите, но и за тоа како ја издржа големата слава што ја стекна за кратко време.
За гостувањето таа одлучи да облече полежерен фустан во маслинесто-зелена боја, црни хулахопки и патики. Косата ја врза во брановидно опавче, а меѓу нежниот накит блескаше венчален прстен на нејзината рака.
Младата музичарка изјави дека нејзините родители Тончи (60) и Вјекослава Хуљиќ (58) не се поблаги кон неа како соработници, но и дека во нивниот однос „владее“ искреноста.
– Секогаш на своите дома можеш да им го кажеш тоа што на други од пристојност не би го кажала, но токму затоа што немаме „целофан , тогаш се е најдобро– искрено рече таа.
Таа зборуваше и за својата кариера, нагласувајќи дека никој не ја „приморал“ да се занимава со музика и дека тоа е исклучиво нејзина одлука. Таа проговори и за приватниот живот и новостекнатата слава на домашната сцена. Така, таа објасни дека не е тип на личност која е заинтересирана за животите на другите луѓе, па затоа и е тешко да го разбере големиот интерес на луѓето за нејзината приватност.
Таа и нејзиниот сопруг Петар Грашо (45) веќе искрено проговорија за тоа колку ја ценат сопствената приватност, која не сакаат да ја споделуваат со јавноста. Така и сега таа рече дека се надева дека наскоро ќе може да оди по улиците колку што може мирно пред да стане позната по нејзината врска со музичарот.
„Се надевам дека наскоро ќе можам да излезам од дома без луѓето да ги извадат мобилните телефони“, рече Хана.
Да потсетиме, Хана и Грашо се венчаа на 19 февруари, а една недела подоцна излезе информацијата дека Грашо на свадбата го открил полот на нивното бебе. На општо задоволство на гостите Петар рече дека тој и Хана очекуваат да пристигне девојче во јули.
Според RTL Exkluziv, идниот татко открил дека семејството ќе биде побогато за едно прекрасно девојче, како и фактот дека тој и Хана веќе имаат подготвен список со имиња за бебето.
Интимната венчавка на Петар и Хана се одржа во друштво на семејството и најблиските пријатели, додека, како што пишува „Глорија.хр“, свадбената прослава заедно со крштевката на бебето ќе се одржи наесен, кога ќе се соберат дури 500 гости.
Иако се обидоа да ја сокријат локацијата за венчавка од медиумите, припадниците на седмата сила сепак ги чекале пред црквата, а потоа и пред ресторанот. На прашањето како започна нивната љубов, во изјава за Прва тв Грашо изјави дека и бил омилен пејач на Хана.
Кога беше мала, ми праќаше некои мали писменца со детски ракопис, се уште ги чувам..
На прашањето на новинарте како се чувствува по црквеното венчање, тој кратко одговори: Како маж!