Кафе муабет

Фотографијата која го обиколи светот открива се: Ова е доказ каков е сега односот меѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ, се е заслуга на Ноле

Снаата и свекрвата се смирија...

Откако вчера постигна огромен успех и го освои Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се втурна во прегратките на сопругата со која токму на вчерашниот ден славеше годишнина од брак.

фото Твитер

Фотографиите од нивниот страстен бакнеж ги обиколија светските медиуми, но она што на многумина им привлече поголемо внимание е врската помеѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ.

фото Твитер

Имено, познато е дека врската меѓу снаата и свекрвата веќе некое време е затегната, а сега после долго време сите се фотографирани заедно.

фото принтскрин

Срѓан и Дијана Ѓоковиќ не само што го бодреа својот син да освои уште еден Грен слем, туку и дадоа поддршка на Јелена.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Се чини дека врската меѓу Дијана и Јелена Ѓоковиќ конечно се подобрува и дека и двете се трудат да го усреќат Новак, а дека работите се подобруваат докажува и искрената насмевка на Дијана Ѓоковиќ, која гордо ужива во љубовта на нејзиниот син кон Јелена.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Моментот кој го овековечија светските фотографи во Србија беше дочекан со восхит, бидејќи обожавателите на Новак Ѓоковиќ долго време навиваа за двете најважни жени во неговиот живот конечно да ги закопаат секирите и да се обединат за да му ја дадат најголемата поддршка.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Ноле ги направил сите напори за да ги смири Јелена и Дијана

Како што се пишуваше во медиумите по триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ решил да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Наводно тогаш Новак Ѓоковиќ ја условил Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат – рече извор за „Стар“ .

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна.

фото архива

Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тениски турнир во Белград…

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close