Кафе муабет

Фановите распалија по него – Дарко Лазиќ мета на критики поради новата девојка!

Лазиќ ја раскина веридбата со Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј и влезе во врска со пејачката Барбара Бобак...

Пејачот Дарко Лазиќ со месеци е во центарот на вниманието поради неговиот бурен љубовен живот, а неговата последна објава на социјалните мрежи предизвика лавина коментари.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, Лазиќ ја раскина веридбата со Марина Гагиќ, со која го има синот Алексеј и влезе во врска со пејачката Барбара Бобак. Иако на почетокот ја криеја својата врска, сега Лазиќ објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

“Каков клошар си, сиромашни деца со таков татко”, “Сиромав, а таа е уште повеќе. Оди прегрнувај ги децата, не тие идиотки”, “Убави сте”, “Даре, нова убавица” – се само некои од коментарите што може да се најдат под објавата на пејачот.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Да потсетиме, Лазиќ има две деца од претходните врски. Тој има ќерка Лорена од бракот со пејачката Ана Севиќ, а од врската со Гагиќ има син Алексеј.

фото инстаграм/Ана Севиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Во медиумите постојано се пишува за несогласувањата на поранешната на Дарко и Барбара кои постојано си упатуваат коментари една на друга.

Имено како што вели Барбара Бобак наводно Марина, поранешната на Дарко со која го има синот Алексеј е љубоморна на нивната врска.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Барбара не престанува да ја провоцира Марина но ниту Марина не и останува должна.
Бобак вели дека Марина на секој начин се обидува да ја спречи врската со Дарко, со кого ужива веќе неколку месеци. Во изјава за српски Курир, таа се осврнa и на заканите што Гагиќ и ги испратила, кога дознала дека Барбара изјавила дека Алексеј ја нарекува „мама“.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Бобак потврди дека телефонскиот повик навистина се случил, но дека не дозволила Гагиќ да отиде предалеку со нејзините закани.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Кој по ѓаволите го боли повеќе за Марина? Зошто се меша во нашата врска кога воопшто не ја споменуваме и е тотално неважна за нас? Јас и Дарко уживаме, таа девојка е љубоморна на нас. Не обрнувам внимание на нејзините закани, таа ми е смешна. Секако, утре како сопруга на Дарко ќе бидам мајка на нејзиниот син, не знам што ја мачи? – истакна Бобак.

Таа тврди дека Дарко е љубовта на нејзиниот живот и дека се создадени еден за друг.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Денес јас и Дарко сме разделени и веќе ми недостига многу. Тој има настап во Босна, а јас сум тука за забава, еве ме на пауза. Јас постојано работам. Дарко е љубовта на мојот живот, ние сме како едно. Нема повеќе да давам изјави, не ми се јавувајте, мојот блок почнува, морам да престанам – заврши Барбара.

Имено капката што ја прелеа чашата беше кога Барбара изјави дека малиот Алексеј, синот на Марина и Дарко ја нарекува „мама“, поради што Гагиќ реши да ангажира адвокат и да се јави на суд.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Марина полуде кога виде што зборува Барбара за неа. Не можеше да издржи, па му се јави на Дарко и му рече дека очекува да ја заштити како мајка на неговиот син и дека не смее да дозволи никој да ја прозива. Дарко и рече дека не знае за што се работи и дека дефинитивно ќе провери за што станува збор. Сепак, Барбара продолжи со провокации и тој не реагираше. Затоа Марина му испрати порака и рече дека го тужела и дека ќе реши сè за алиментација и старателство на суд. Таа доживеа нервен слом кога Барбара за медиумите изјави дека Алексеј ја вика мамо – вели изворот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Како што неодамна пишуваше еден дневен весник, Марина се здружи со Ана Севиќ, поранешната сопруга на Лазиќ и молеше за помош затоа што наводно пејачот ниту го гледа нивниот син ниту дава пари за да ги издржува.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Марина плачеше за време на разговорот со Севиќ. Пејачката и порача да не се грижи, бидејќи таа ќе и помогне со совет. Таа и објасни дека мора веднаш да повика адвокат и да го започне судскиот процес против Дарко. Марина ја праша за бројот на адвокатот што ја застапувал, бидејќи знае дека таа го добила на суд. Ана веднаш и го испратила бројот – вели добро информиран извор.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Гагиќ не знаеше кому да се обрати, само Ана и падна на ум. Таа се пожали дека Дарко со месеци не го видел својот син Алексеј, дека тој не и одговарал на телефон и не испратил пари за нив – додаде споменатиот извор.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close