Кафе муабет
Фановите во шок – НЕ им се верува каков подарок доби Барбара од Дарко!
Барбара се пофали со подарокот од саканиот...
Пејачот Дарко Лазиќ и неговата девојка, Барбара Бобак веќе подолго време се во љубовна врска и како што може да се забележи тие се речиси и неразделни.
Сега парот отпатува на турнеја низ Соединетите држави и редовно споделуваат фотографии од кои може да се види како го поминуваат времето.
Имено, Барбара објавила видео како шетаат, а над чорапите облекла влечки во форма на риба кои се отворени до прстите. Во описот на видеото таа напиша:
– Кога некој те познава во душата!
Таа му се заблагодари на своето момче додека одеше:
– Ти благодарам што ми купи влечки – на што тој одговори: Катастрофа.
Пејачката во следните сториња веќе сподели дека отишле во Лас Вегас, кој е познат по коцкањето и казината, па и тие посетиле едно од многуте казина.
Она што може да се забележи, среќата секако ја следеше неговата избраничка Барбара, која освои над 8.000 долари на еден од уредите!
За потсетување, пејачката Барбара неодамна се пофали на своите фанови дека конечно пристигнала во Холивуд. Имено таа замина на турнеја во Америка и им соопшти на обожавателите дека ова е и официјално нејзиниот најубав ден во животот.
Фановите често имаа можност да ги видат Дарко и Барбара како уживаат, патуваат и се поддржуваат на настапите, но имаше и написи дека навистина не цветаат рози и дека има жестоки кавги помеѓу нив.
Неодамна младата пејачка на својот Инстаграм профил сподели серија фотографии од новото патување и конечно и се оствари најголемиот сон во животот.
Барбара моментално ужива со Дарко во Америка а пред извесно време беше во Холивуд, каде меѓу другото го посети и магичниот свет на Хари Потер.
„Никогаш повеќе не морам да одам никаде во животот“, напиша пејачката покрај нејзината слика, а фановите и испраќаат поздрави со коментар дека навистина заслужила ваква забава.
„Ова е официјално најубавиот ден во мојот живот“, додаде таа со друга фотографија.
Дарко ужива и во сончевиот Лос Анџелес, а нивните заеднички слики покажуваат дека секое патување, освен за настапи, го користат за посета на места кои им се интересни.