Кафе муабет

Убавата Турчинка од „Карасевда“ и „Ќерката на Амбасадорот” ужива на егзотична дестинација- ОВА Е ВИСТИНСКИ РАЈ!

Се пофали со фотографии од Сејшелите...

Турската актерка Неслихан Атаѓул реши да замине на заслужен одмор па деновиве ги полни батериите на Сејшелите.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Убавата Неслихан е премногу среќна што конечно е на одмор па нејзината среќа ја сподели со фановите на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

– Здраво, јас сум Моана! Ви испраќам поздрави од срцето на океанот, напиша Неслихан.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Нејзините обожаватели беа воодушевени од објавата.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

„Убава си“, „Блескаш“, „Се гледа дека убаво си поминуваш на одмор“, се само дел од коментарите на нејзините следбеници.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Таа е на одмор со сопругот, актерот Кадир Догулу, кого имавме можност да го погледнеме во серијата „Научи ме да сакам“ и „Прашање на честа“, за чие снимање тие ја започнаа нивната љубовна врска.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Тие се венчаа во 2016 година, а интересно е тоа што на нивната свадба непоканет се појави нивниот колега Бурак Озчивит, кој со Неслихан глумеше во серија и кој и е поранешно момче.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Неслихан и Бурак тогаш важеа за најпознат пар, но откако се разделија таа го исмеа и кажа дека нема никаков актерски талент, што го растури нивниот однос.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Проблеми со здравјето!

Откако заради тешката цревна болест се онесвести на сред снимање на серијата „Ќерката на Амбасадорот“, Неслихан Атаѓул (29) засекогаш го напушти снимањето, а публиката беше загрижена за нејзиното здравје.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Шармантната турска актерка тогаш изгледаше бледо и немаше сила, па дојде до 45 килограми и изгледаше дека нејзиното закрепнување ќе трае долго.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Така и беше, но сепак, убавата актерка денес изгледа подобро и посреќно од кога било, а публиката одвај чека да ја види во некој нов проект.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Неслихан е родена во 1992 година во Истанбул во сиромашно семејство. Нејзината мајка која била домаќинка одлучила својата ќерка да ја протурка како модел, па го испратила нејзиното портфолио на разни модни агенции.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Така Неслихан до својата 14 година снимаше бројни кампањи за турските брендови, а потоа во 2006 година, дебитираше и на филмското платно во филмот „Прва љубов“ со која веднаш и стана омилена актерка на публиката.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Колку ја сака публиката можеме да заклучиме и по тоа што убавата Турчинка денес има преку 12 милиони следбеници на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Инаку, познатата актерка главната улога во „Ќерката на амбасадорот“ мораше да ја напушти откако и беше дијагностициран синдром на пропустливост на цревата, па реши да се посвети на своето здравје.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

„Моето тело не може ова да го поднесе, мора да се одморам“, напиша Неслихан тогаш на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул

Во серијата ја замени колешката Туба Бујукустун за која сценаристите направија нов лик.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close